(Видео) Страшна повреда на Нејмар, сезоната за него заврши

Бразилската суперѕвезда Нејмар заработи тешка повреда на натпреварот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство.

На еден дуел Нејмар незгодно скокна и во истиот момент се струполи на тревата и се фати за глава. Од неговите гестови се виде дека се работи за тешка повреда и дека нема да може да го продолжи натпреварот. Расплаканиот Бразилец беше изнесен од теренот на носилки.

Според првите информации, фудбалерот на Ал Хилал заработил тешка повреда на вкрстените лигаменти на левото колено и менискусот и најверојатно ќе биде опериран и ќе му следи долго закрепнување.

Доколку се покаже дека навистина се оштетени лигаментите, Бразилецот ќе отсуствува од шест до девет месеци, што значи дека сезоната за него е завршена и ќе ја пропушти Копа Америка.

Инаку, Уругвај го доби овој натпревар со резултат 2:0.