(Видео) Страотен пожар во трговски центар во Ирак, најмалку 60 жртви
Најмалку 60 лица загинаа, а 11 се водат како исчезнати во голем пожар што избувна ноќеска во трговски центар во градот Кут, во источен Ирак, соопштија денеска локалните здравствени власти и полициски извори. Медиумите посочуваат дека жртвите се главно жени и деца.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како пламен ја зафаќа петкатната зграда на хипермаркетот, додека пожарникарите се борат со огнената стихија.
🚨 BREAKING: Devastating fire engulfs 6-story mall in Kut, Iraq, claiming 61 lives and injuring dozens. Heartbreaking tragedy strikes share to spread awareness! 😢 #IraqFire #KutTragedy pic.twitter.com/mnHtZkG1IG
— NewsDaily🪖🚨🪖 (@XNews24_7) July 17, 2025
– Составивме список со 59 жртви чии идентитети се потврдени. Едно тело е целосно изгорено и засега не може да се идентификува, изјави претставник на здравствените власти во Кут.
Според локалната власт, сѐ уште има тела кои не се извлечени и се наоѓаат под урнатините на изгорениот објект.
Причината за пожарот засега не е утврдена. Гувернерот на провинцијата Васит најави дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа.
– Поднесени се кривични пријави против сопственикот на зградата и управата на трговскиот центар, изјави гувернерот.