(Видео) „Страв од непознато и бес“: Мулачка и Величковска за голготата на онколошките пациенти

Очите на македонската јавност претходните неколку недели се вперени кон случувањата на клиниката за Онкологија. Гневот на граѓаните расте со секое ново обелоденување на деталите за овој скандал, а тие сакаат да знаат кој се бил вмешан во оваа шема.

Неделникот Фокус подолг период предупредува за се она што се случува на Клиниката на Онкологија, а токму затоа вечерва во ова издание на „Трилинг“ гостинка е авторката Ирена Мулачка на низа текстови за овој случај.

Се надевам искрено дека ќе има било каква разврска, а тоа ќе им даде зрак надеж на сите пациенти кои боледуваат од таа страшна и тешка болест да се разоткрие што се случувало на клиниката години наназад. Посебно голем проблем е биолошката скапа терапија, започнува Мулачка.

И покрај се Мулачка се надева дека на крајот ќе се знаат имињата и презимињата на виновниците.

Јас лично го отворив и сметав дека некој од надлежните ќе реагира иако не верував дека тоа ќе се случи. За мене, а и за граѓаните беше голем шок кога упаднаа полицијата и обвинителство на клиниката. Мислам дека ЈО има доста работа. Има многу стории кои треба да се прочешлаат и истражат. Се надевам дека на крај на вистинските виновници ќе им се знаат имињата и презимињата, потенцира Мулачка.

Таа вели дека во овој скандал се вмешани повеќе од луѓе, од секретарки до чувари и благајници.

Се надевам дека овој случај нема да заврши во некоја фиока, заклучува новинарката. 

Во новиот циклус на емисии на Трилинг воведуваме и гостин водител, па така вечерва новинарката Мулачка водеше интервју со гостинката Александра Величковска, која е онколошки пациент.

Александра Величковска, пациентот на Онкологија ја раскажа голготата која ја поминала како Онколошки пациент.

Мојата борба започна минатата година негде ова време. 7 септември беше датумот кога ми беше дијагностициран канцер на дојка. Во моментот кога ви се соопштува дијагнозата се соочувате со страв од непознато и бес во себе затоа што сте премногу млад да се соочите со нешто кое е испишување на комплетно нова страница во животот, започнува Величковска.

Таа детално го објаснува процесот при одбирање на онколог и сесиите на хемотерапија. Освен за нејзиното искуство, раскажува и за искуството на останатите пациенти кои често го добиваат коментарот „дојдете следниот понеделник“ или слично.

Величковска зборува дека Клиниката за онкологија ѝ е втор дом бидејќи таму е постојано. За што и да треба таа мора да се консултира со онкологот.

Недостапност на термините за било каков преглед е еден од клучните проблеми таму. Безредието по ходниците и недостапност на термините е еден од клучните термини кои треба да се регулираат. Ние пациентите не го заслужуваме тоа, рече Величковска. 

Му се радуваме на секој ден како да е последен“, вели Величковски и вели дека пробелмот е што често се соочуваат со недостаток на финансии.

Таа заклучува дека за крај има доза надеж, а сега имиња и презимиња и да знае што точно се прави во истражната постапка.