(Видео) Стојаноски: Филипче да каже дали 3.5 милиони евра од тендерите на „Марковски компани“ преку фирми на Заеви ќе завршат во СДС?
„Шест милиони евра во неколку тендери поделило раководството на РЕК Битола и ЕСМ од СДС за 10 дена на `Марковски компани`. Сите тендери кои ги добиле `Марковски компани` се за ремонтни работи, т.е. ангажман на специјализирана работна рака. Како што веќе објавивме, цените за час работа се за 150% поскапи од лани“ изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Тој рече дека „договорите се јавно објавени и достапни на јавноста и обвинителството. Очекуваме од ЈО да реагираат и отворат постапка. Фактот што Филипче молчи за овие тендери на неговите сопартијци говори дека очигледно истиот има интерес од тоа“.
„Јавно го прашуваме Филипче да каже дали разликата во цени на тендерите од 6 милиони евра, што е околу 3.5 милиони евра треба да заврши во СДС? Филипче да каже дали начинот на испумпување на парите е преку фирмите на Заеви и ним блиски кои до сега се јавуваа како подизведувачи на `Марковски компани` или како изнајмувачи на механизација?“ рече Стојаноски.