(Видео) Стојаноска: Времето ќе покаже дали Орбан има скриени намери со заемот за Македонија

Ребалансот на буџетот влезе во законодавниот дом. Испразнета каса, потрошени дури 80 отсто од буџетскиот дефицит планиран за оваа година во висина од 500 милиони евра, се ближиме до 6 милијарди евра буџет но зголемен дефицит.

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја криткуваа претходната влада за „економското цунами“ но зошто новата владејачка гарнитура веднаш ја продолжува политиката на перманентно задолжување?

Дафина Стојаноска, Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие критикувале, но мора да се аргументира, односно дасе потенцира фактот дека се работи за ребаланс на буџет за 2024 година и наследуваат буџет која друга влада го проектирала.

– Како што кажавте потрошен е повеќе од половина и од она што го најдовме мора некако да се снајдеме за да видиме што е приритет за граѓаните и колку толку ограничени ни се можностите за целосно да го квалификуваме буџетот дека е развоен но ќе се потрудиме. Еве за почеток обезбедивме 100 милиони евра за општините за да се започне со реализација на проекти кои што се од интерес на граѓаните. Исто така, за овие месец дена влада се обезбедени средстав за да се покачат пензиите на 300 илјади пензионери, што за старт е доволен доказ дека се грижиме за потребите на граѓаните и факт е дека буџетот е расцепкан и ниту една капитална инвестиција немаме видено, не само со овој последен буџет, туку и со изминати седум буџети а свесни дека само капиталните инвестиции, не само ние туку тоа го кажуваат сите економски правила и експерти, дека единствено тие носи раст во било кој држава, вели пратеничката.

Но со ребалансот на буџетот е предвидено помалку капитални инвестиции, а повеќе социјални трансфери. Дали со ова ВМРО-ДПМНЕ сака да го купи социјално-економскиот мир кај граѓаните, особено имајќи предви дека подолг период, кај македонските граѓани има социјално незадовлство?

– Како што кажав, ќе се потрудиме колку-толку со овој ребаланс да го направиме развоен буџетот, но за жал мораме да внимаваме и на оваа компнента, бидејќи свесни се дека минатите влади ги оставија без плати вработените во Македонските пошти за 4 месеци, како и во Македонски железници. Точно е дека мора да се внимава и на тој аспект, и за тоа дел, да не речам, „половина со половина“, но ќе изнајдеме начин подеднакво да балансираме и социјалниот момент во државата, но и подеднакво да се фокусираме на капиталните инвестиции и како едниствен спас и единствено решение за да имаме економски напредок во државата, истакнува Стојановска.

Како сепак до одржливост на јавниот долг кога е пробиена магичната граница од 60 отсто БДП, а според проценките, на крајот на годината тој ќе порасне до 68 насто. Имаме ли капацитет да ги сервисираме долговите?

– Мора да имаме, бевме обвинувани за ова првично задолжување кое ќе дојде од наша пријателска држава, но мора да се изнаоѓаат начини и паралелно со тоа да се инвестира во капитални инвестиции, тие ќе го развијат комплетно општеството, ќе отворат и нови работни места, а тоа ќе значи повеќе средства за обрт низ државата, повеќе ДДВ за буџетот, така да мора да се снаоѓаме со она што го имаме затекнато. Не може се да се случи преку ноќ, но мора да се внимава и на едната и на другата страна. Капиталните инвестиции ни се примарен фокус во моментов и мора на тоа постојано да се работи, бидејќи изминативе 7 години не видовме ниту една капитална инвестиција а беа потрошени можеби меѓу 30 милијарди буџети, посочи таа.

Кои се бенефитите од унгарскиот кредит, кој се зема со 3 насто, а дури и премиерот Мицкоски вели дека тоа е за „одржливост на стабилноста на земјата и регионот“?

– Прво бенефит е што е таква каматна стапка, не е двојно поголема како што имавме во минатите години и за почеток сметам дека ќе биде доволно, бидејќи во моментов оваа влада со овој ребаланс на буџет беше принудена да издвои 4,1 милијарда денари за плати на луѓето во железниците и 5 милијарди денари за линеарното покачување, кое беше ветено во изборната програма за да се покачат пензиите од септември за 2,500 денари. Така да мора од некаде да се започне, но ако домаќински се планираат и се трошат сите средства, без разлика дали се работи за заем или за она што го затекнуваме во буџетот, ако реално најмногу ги трошиме на капитални инвестиции кои дополнително ќе донесат средства во буџетот, сметам дека ќе може да се изнајде некое решение да тргнеме барем една половина стапка во текот на оваа година исчекор напред, децидна е пратеничката.

Има ли скриени намери зад великодушноста на унгарскиот премиер Орбан да го одврзе ќесето и да ни даде директно средства за да ги сервисираме долговите? Зошто Унгарија?

– Некој требало да биде, нека биде и Унгарија. Познати се тие приказни кои се преплетуваат околу претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се пак ќе оставиме времето да покаже дали има скриени намери или се чесни пријателски намери на една пријателска земја која сака да помогне, затоа што можеби се сеќава на нивните почетоци какви биле, па зошто да не помогне на една пријателска држава како Македонија, порача Стојаноска.