(Видео) Столе го запозна својот идол: Димитриевски и Буфон се сретнаа во Скопје

Секогаш е посебно кога ќе имате прилика да ги запознаете своите идоли, а таква можност доби македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски уште на собирот во репрезентацијата се појави во дрес на Џанлуиџи Буфон кој сега е дел од стручниот штаб на Италија, а вчера имаше можност и за срдечна средба.

Пред влезот на стадионот, Димитриевски се поздрави и прегрна со Буфон кој му напиша посвета и се потпиша на дресот од Јувентус. Секако, уште поголемо задоволство за Димитриевски е што беше одличен на голот и Македонија остана непоразена одигрување 1:1.