
„Ќе добијат ли пациентите со цистична фиброза новогодишно пакетче во кој ќе биде и лекот Трикафта. Во моментот статусот е „ЌЕ“, се вели во денешната видео стори на ТВ24.
„Наша голема надеж е дека до средина на декември ќе се набави модуларната терапија, но ни кажаа да не се врзуваме за датуми и дека согласно сите за жал бирократски процедури мора да фати и некој датум малку подоцна.“ – Фики Гаспар од Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза.
Колку подоцна не знаеја да одговорат ниту од Министерството за здравство, а не сакале да откриваат ниту колкава бројка на пациенти би го добиле евентуално лекот Трикафта.
Чекајќи го лекот Трикафта и лекот Креон стана дефицитарен велат пациентите со цистична фиброза и за овој проблем Меџити им рекол ќе биде разгледано како проблем.
Денеска, како и вообичаено министертот Меџити ги викна пациентите на разговор бидејќи тие веќе имаа најавено прес пред министерството. По средбата пациентите со цистична фиброза излегоа охрабрени дека и по седум месеци останува оптимистичкото „ќе“ стигне Трикафта