
(Видео) Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата
🔴 Ставров смета дека градбата на нова пруга е многу чувствителна работа. „Не може за така краток период без истражувачки работи да се влезе во инвестиција. Веќе сме подучени од автопатите што влегуваме така како што влегуваме – без истражни геолошки работи. Физибилити студијата за проектот Вардарска долина ние шест години сме ја работеле. Тоа е макотрпна работа кај што веќе добиваш една комплетна слика за целиот проект и не е проблем после да влезеш во идеен проект, кај што ќе ги добиеш цените на чинење итн. и во главен проект за детална друга разработка на трасата“, вели Ставров. Околу неговите сомнежи за капацитетноста на овој проект со пругата, па и повикот да се консултира и Градежниот факултет, Министерството за енергетика и Советот за безбедност кај претседателката Сиљановска Давкова, Ставров вели дека не сакал да навлегува околу безбедноста, но вели дека има длабок сомнеж во тоа дека сите наши сувоземни врски од Солун до Скопје одат во еден коридор низ кој ако три дрона се фрлат ние како држава би биле парализирани и ќе немаме никакви сувоземни контакти. „Многу е лошо во една уска долина (Вардар), аортата, крвотокот на Македонија да се најдат три вакви важни работи, хидротехнички проект, пруга и автопат, а притоа имаме можност да се поместиме на источната страна на Македонија.
„Јас сум пензиониран хидроинженер и повеќе од 15 години поминав во секторот за развој и инвестиции во електростопанство и во тој период можеше да се почувствува и се знаеше многу добро дека ние во електростопанство сме попречени да градиме хидротехнички објекти во клисурата на река Вардар, посебно Велес кој е еден капитален објект и Градец кој исто така е капитален објект, а покасно се направи и проектот Вардарска долина со каскадни хидроелектрани. Тоа е се еколошко мали хидроелектрани со мали висини, меѓутоа и нивните нивоа на некој начин ја потопуваа постоечката пруга. Така што за мене веста дека ќе се гради пруга беше пријатно да се слушне, затоа што знаев дека еднаш дефинитивно, после 80 години тивка војна помеѓу електростопанство и железници ќе се измести пругата и ќе може да се почне со реализација на хидротехничките објекти по долината на река Вардар.
Што се однесува за долината на реката Вардар – работена е физибилити студија за истиот проект и тој проект го работеа Французите со 80% нивно финансирање и 20% македонска инвестиција. И уште тогаш во проектната задача меѓу другото ние имавме во проектната задача јасно нагласено дека освен за енергетските објекти третирана беше и пругата. Имаше дилема дали да биде во истиот коридор или да се измести на исток. По истражување на Французите, бидејќи цената е иста, градежните работи е далеку поедноставно да се отиде на север односно, да се отиде Гевгелија – Валандово – Штип – Свети Николе – Куманово до Табановце отколку да остане во самиот коридор на река Вардар, изјави во магазинот „Трилинг“ хидроинженерот Јордан Ставров говорејќи за проектот за нова пруга кон Солун за патнички и товарен сообраќај кој е проследен со многу недоумици, неизвесности и контроверзии како и предупредувања на дел од експертите дека за ваква инфраструктура нема проектен план, нема анализа на потребите, документација за трасата.
За тоа зошто токму Гевгелија – Валандово – Штип – Свети Николе – Куманово, Ставров вели дека тоа била замислена траса уште во времето на Југославија, а овој проект бил наречен Балкан Акса.
За тоа дали има логика од Грчка страна да се има една пруга, а од наша страна две пруги, Ставров вели дека во овој момент нема логика да се прават две траси.
„Да бидеме искрени, Грците нема да не чекаат и не не чекаат. Тие си имаат најдено нови патишта и на некој начин не заобиколија и веќе имаат три влеза со Бугарија со своите возови и транспорт. Така што нив баш ништо не им значи што оваа пруга толку долг период не функционира“, додава Ставров.
За тоа дали постои единствен концепт откако не успеа француската идеја за Вардарска долина, Ставров смета дека таа идеја кога тогаш мора да профункционира.
„Ние како земја низ која поминува Вардар и Вардарската долина мораме на некој начин да имаме контрола на водата, а тоа значи дека 3,5 до 4,5 милијарди кубика годишно вода нема да можат туку така да протекуваат слободно во Грција и на 40 километри да се влеваат во Егејското море. Значи мора да постои стопан на таа вода, мора ние да ја успориме таа вода, затоа што еден кубик од Камениот мост во Скопје до грчката граница патува само 60 часа. Можеме ли ние таа вода да ја задржиме 60 дена во период кога нас ни е најпотребна, смета Ставров.
Околу реакциите за финансирањето на целиот проект околу пругата и предупредувањето на проф. Дејан Трајковски дека се истрчуваме на финансискиот пазар без инвестициски проект, анализа на потребите, прометот, потребите, заштитата на човековата околина и водите и колку време е потребно за ваков сеопфатен проект за една пруга, Ставров вели дека го подржува проф. Трајковски.
„Не може пред два месеца ние да добиеме информација дека е земен кредит, склучен Договор со Велика Британија и веднаш да се ориентираме на главната инвестиција две пруги итн.. Колку јас што ги познавам работите во Македонски железници, таму по мое мислење нема ниту физибилити студија, уште помалку идеен проект, а да не зборувам за главен проект. Тоа пред некој ден го слушнав и од министерката за финансии која испрати некое писмо до 21 банка во Европа и низ светот преку кои ние ќе добиеме пари, а главен гарант за повраток на кредитот ќе биде британската страна. И таа во својата изјава, на прашање на новинарот, рече дека не видела ни идеен проект, ни физибилити студија, а истата госпоѓа праќа писма до банкиве низ Европа и светот. Тоа ми е толку контрадикторно да не знам што да кажам“, додава Ставров.
Тој смета дека градбата на нова пруга е многу чувствителна работа.
„Не може за така краток период без истражувачки работи да се влезе во инвестиција. Веќе сме подучени од автопатите што влегуваме така како што влегуваме – без истражни геолошки работи. Физибилити студијата за проектот Вардарска долина ние шест години сме ја работеле. Тоа е макотрпна работа кај што веќе добиваш една комплетна слика за целиот проект и не е проблем после да влезеш во идеен проект, кај што ќе ги добиеш цените на чинење итн. и во главен проект за детална друга разработка на трасата“, вели Ставров.
Околу неговите сомнежи за капацитетноста на овој проект со пругата, па и повикот да се консултира и Градежниот факултет, Министерството за енергетика и Советот за безбедност кај претседателката Сиљановска Давкова, Ставров вели дека не сакал да навлегува околу безбедноста, но вели дека има длабок сомнеж во тоа дека сите наши сувоземни врски од Солун до Скопје одат во еден коридор низ кој ако три дрона се фрлат ние како држава би биле парализирани и ќе немаме никакви сувоземни контакти.
„Многу е лошо во една уска долина (Вардар), аортата, крвотокот на Македонија да се најдат три вакви важни работи, хидротехнички проект, пруга и автопат, а притоа имаме можност да се поместиме на источната страна на Македонија.
Целиот разговор погледнете го во видеото.