(Видео) Српските кошаркари со „Македонско девојче“ ја славеа олимписката бронза во Париз

„Македонско девојче“ беше една од песните со кои српските кошаркари во Париз ја прославија освоената олимписка бронза.

Никола Јокиќ заедно со другарите од репрезентацијата прославувале во кафуле во Париз, при што изнајмиле и пејач на народни песни.

Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите кошаркари ја пееја македонската песна: