(Видео) Србиновски: Путин нема да седне на заедничка маса со Зеленски

🔴 Околу толкувањето на Зеленски за недоаѓањето на Путин да седне на заедничка маса и дека сето тоа значи непостоење од руска страна волја за разврска на воениот конфликт, Србиновски вели дека тоа е точно но мора да разбереме дека Русија првенствено, иако за Европа е тоа дискутабилно, го доживува Зеленски како нелегитимен претставник на украинската власт.

„Кога говориме за овој многу комплициран процес треба да знаеме дека гледиштата како војната треба да заврши се различни на онаа на едната страна – САД и Русија и на другата страна – остатокот на светот. Под остатокот на светот мислам на Украина и државите од Европа“, изјави во магазинот „Трилинг“ Александар Србиновски, национален координатор на иницијативата ЏИ ТОК, говорејќи околу руско-украинскиот конфликт.

„Преговорите или најновата тура на мировни преговори, очекувано за мене, не се одвиваат барем во динамиката која ја посакува Украина од неколку клучни работи. Најновата етапа на преговори се одржува во Турија. Турција и Саудиска Арабија како минатите преговори не се дестинации кои имаат подеднаква во значење иста геополитичка положба. Додека од едната страна Саудиска Арабија е генерално неутрална, Турција е непосреден идентитет кој граничи со Русија. Дополнително, таа е втората држава во НАТО во смисла на бројност на армијата, но самата по себе дава поинаква нота каде евентуално би се потпишале договорите.

-Она што е различно во оваа рунда на преговори од минатата е што во минатата САД беа тие кои ја предводеа иницијативата или палката како ќе се одвиваат преговорите, сега тоа се државите од „Големата тројка“ – Германија, Франција и Британија, како и некои држави кои имаат интерес, како Полска, бидејќи војната се случува непосредно од нивните граници. Гледано од тука состојбите се различни, а истовремено и барањата од двете страни кои мораат да преговараат како војната евентуално да се заврши. Украинците имаат услов, предводен од нивниот главен преговарач, претседателот Зеленски, дека за да се случуваат мировни преговори на терен треба да постои 30-дневно примирје, вели Србиновски.

Фото: Трилинг / Але­ксан­дар Србиновски

Околу толкувањето на Зеленски за недоаѓањето на Путин да седне на заедничка маса и дека сето тоа значи непостоење од руска страна волја за разврска на воениот конфликт, Србиновски вели дека тоа е точно но мора да разбереме дека Русија првенствено, иако за Европа е тоа дискутабилно, го доживува Зеленски како нелегитимен претставник на украинската власт.

„Оттука па натаму не верувам дека Путин воопшто некогаш ќе се седне на преговарачка маса со Зеленски. Нивните услови се јасни, тие имаат крајно тврда позиција, односно во мировните преговори настапуваат од позиција на моќ. Тие се чувствуваат дека они се тие кои треба да го диктираат темпото, волјата и начинот како треба да се случуваат преговорите. Опцијата за мир сепак постои, меѓутоа мора да ја гледаме геополитички поинаку од досега. Верувам дека единствениот некој кој може да донесе оваа критична состојба во светот до мирна точка е само САД, односно Доналд Трамп, бидејќи тој е единствениот медијатор којшто Москва, односно Владимир Путин го доживува како еквивалент со којшто може да тргува и да преговара за одредени спорови во светот.

-Битно е да се напомене дека Москва, особено во изминатиов период откако започна на терен да ја менува динамиката на борбеното ниво, ја доживува Европа како небитен геополитички фактор, односно како дека постои како политичка меѓународна конструкција но не со релевантни геополитички моќи како Вашингтон или Пекинг“, вели Србиновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.