Технички премиер во „Пржинската влада“ и министер во заминување од министерството за внатрешни работи. Оливер Спасовски беше гостин вечерва во „Трилинг“.
За екстрадација на Палевски тој вели дека интензивно се работи во рамки на Министерството за внатрешни работи и тие со координација со турските колеги.
Интензивно се работи во секторот тој сектор во МВР и во Министерството за правда. Интензивно работиме со колегите од Турција. Имаме предвид дека според тоа што се работи можно е да имаме екстрадиција. Таа можно е да се случи час поскоро но се уште не може да го кажеме точниот временски интервал. Имаме детални информации за целиот процес, не сакам да калкулирам со временскиот период, започнува Спасовски.
Што се однесува до обвинувањата од Чулев, Спасовски вели дека воопшто не стравува.
За тековните случувања во М-НАВ, Спасовски без да даде директен одговор на новинарското прашање од Горазд Чомовски тој вели дека ги презеле сите можни активности.
МВР во секој момент е подготвено да одговори на секое барање. Се согласувам треба да биде брзо и ефикасно, вели тој.
Спасовски потсетува на „црниот понеделник“ и 27 април, а тие се случило на ненавремените обиди за спречување од полициските структури.
Околу руското влијание Спасовски вели дека државата ги презема сите мерки за да се справи со ваквите влијанија.
Кога говориме за „Пржинската влада“ говориме за едно време кога тоа мораше да се случи за државата да биде ослободена од режимот со кој се владееше, започнува Спасовски за техничката „пржинска“ влада.
Тој детално го објаснува овој модел и според него веќе истиот не е потребен.
Во овој момент според мене лично немаме потреба од „Пржинска влада“ или од било каква друга влада затоа што институциите функционираат под полн капацитет без никаква злоупотреба, вели Оливер Спасовски.
Спасовски потсетува на настани во минатото додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт и тогаш државните органи се користеле за партиски цели. Потценува дека тогаш народот честопати се уценувал, а веќе тоа го нема.
Оливер Спасовски вели дека веќе нема прислушувања како порано.
Има уште многу да се работи, но напредокот е многу голем, дава краток коментар.
На новинарско прашање „дали мрежата на високиот криминал“ е испреплатена и во полициските структури“ Спасовски вели дека секаде има некои кои инклинираат кон криминалната група, но клучното прашање е како да се справите со нив.
Секаде има врски и структури кои допираат до криминалните активности. Ако погледнете претходниот период колку постапки имаме поведено во делот на криминал и корупија, на учество сето тоа значи дека инклинираат. Тоа не е случај само кај нас туку во секоја држава. Прашањето е дали ќе имате систем кој ќе одговори и ќе биде на страната на граѓаните.
Околу изборите кои следат Спасовски рече дека се уште е рано да се шпекулира за широк европски фронт меѓу СДСМ и ДУИ.
Република Северна Македонија треба цврство да чекори кон европскиот пат. Имаме јасна визија, а ќе донесеме целосни анализи. За мене е важно да имаме добра понуда за граѓаните која ќе понуди извеност, капацитет и остварување на нашите стратешки и национални интереси, вели Спасовски.
За крај Спасовски даде осврт за тоа што направило Министерството за внатрешни работи во претходните години додека тој беше на чело на министерството.