(ВИДЕО) Со Џокси за антологиската и неофицијална празнична химна „На Велигден сум се заљубил“
➡Песната „На Велигден сум се заљубил“ веќе 36 години трае благодарејќи на народот. Јас честопати зборам дека тоа е сепак песна од народот за народот. ➡Таа е многу едноставна, многу љубовна. Многу лесно можеш да дојдеш до неа, односно да се најдеш во неа. И тоа сметам дека е главната причина зошто народот ја има прифатено таа песна. ➡Поголемиот дел од музичарите проценуваат дека можат да направат нова верзија. Да, таа можеби има веќе десетина верзии, меѓутоа од година во година се по некоја нова се јавува. ➡Осврнувајќи се на тоа колку новата изведба и новите аранжмани што се направени содејствуваат со оригиналната верзија, Џокси, говорејќи за неодамна објавената акапалеска верзија, вели дека бил малку загрижен дали ќе помине како што треба или не, но самите реакции на слушателите и гледачите предизвикале голем број на позитивни коментари. ➡Говорејќи за мислењето дека „На Велигден сум се заљубил“ стана празнична химна, Џокси вели дека ако 36 години опстојува во текот на Велигденските празници, може да се каже дека тоа е празнична, не званично црковна, меѓутоа народна празнична химна. ➡Оние години во времето на СФРЈ, црквата немаше никакво централно значење и сите беа комунисти, или ако не, грото барем. Моите да, моите беа. И кај нас во фамилија немаше што да се вапсаат јајца, да се оди во црква, или да се оди по куќи како што има обичај во Тетово. Значи мојата баба Уранија ќе ме земеше за рака, бидејќи во Аеродром на приземје, ние преку прозор бегавме за да одиме во црквата „Архангел“ во Автокоманда. Бегавме преку прозор со јајцата во ќесето пред црква, ќе се помолевме, ќе се вратевме назад и никој ништо не знаеше за тоа. Тоа е една од сликите која ме има поттикнато за да размислувам да направам песна, вели Џокси.
Песната „На Велигден сум се заљубил“ веќе 36 години трае благодарејќи на народот. Јас честопати зборам дека тоа е сепак песна од народот за народот“, вели Ѓорѓе Васиќ / Џина Папас-Џокси, говорејќи за популарноста и присутноста на песната особено пред Велигденските празници.

Околу новите изведби на песната Џокси вели дека најверојатно луѓето процениле песната дека истата не е наметлива.
„Таа е многу едноставна, многу љубовна. Многу лесно можеш да дојдеш до неа, односно да се најдеш во неа. И тоа сметам дека е главната причина зошто народот ја има прифатено таа песна. Згора на сето тоа, поголемиот дел од музичарите проценуваат дека можат да направат нова верзија. Да, таа можеби има веќе десетина верзии, меѓутоа од година во година се по некоја нова се јавува. Како оваа година што се јави Александар со Дац во нивната верзија, и ова што го направи ТФТ продукција од Канада со нивната акапела, односно црковна верзија.

Осврнувајќи се на тоа колку новата изведба и новите аранжмани што се направени содејствуваат со оригиналната верзија, Џокси, говорејќи за неодамна објавената акапалеска верзија, вели дека бил малку загрижен дали ќе помине како што треба или не, но самите реакции на слушателите и гледачите предизвикале голем број на позитивни коментари.
„Тоа значи дека повторно песната допрела до народот, онака како што треба да биде. Во овој случај користен е црковен хор за да ја реализираме таа песна. Чинам дека искористивме многу убав повод – 130 години од изградбата на храмот Св. Димитрија во Скопје. Храм кој датира уште од 13-ти век, меѓутоа храм којшто со текот на вековите стално бил пален и рушен, меѓутоа 1886-та година целосно бил срамнет со земја. Но со донации од народот 10 години се градел и од 1896-та година до ден денес го гледаме онака како што е изграден тогаш. Што значи дека пак народот е двигател на она што се вели верба во Бога“, смета Џокси.

Говорејќи за мислењето дека „На Велигден сум се заљубил“ стана празнична химна, Џокси вели дека ако 36 години опстојува во текот на Велигденските празници, може да се каже дека тоа е празнична, не званично црковна, меѓутоа народна празнична химна.
Прашан дали е дојдено време за нови преработки на песната, за да се запази оној модерен стил, односно да се биде во тек со времето, Џокси смета дека нешто во тој стил има направено Александар Митевски.
„Александар тоа што го има направено е еден вид на клупска свирка. Значи сега може комотно и по клубовите да се пушта таа песна. Е сега зошто е таа верзија и зошто се претходните верзии? Јас имам една верзија која е снимена за продукцијата на МРТВ. И што се случува? Се случува да оригиналната верзија која им ја имам дадено, ја имаат или избришано или загубено. Оваа верзија што ја слушаме, како моја, нели многумина велат – од твојата верзија нема подобра, но таа верзија е симната од обична касета. Ги нема сите бои, ја нема онаа длабочина на песната. Затоа и во некоја рака сум поборник на тоа што повеќе да ја најдат, да ја обработат песната, бидејќи секој автор има свое гледање на таа песна. Јас немам ништо против тоа. Секој знае на кој начин како да ја преработи. Секој во свој стил си ја преработува и тоа е ОК, и тоа држи. Така и Александар направи една прекрасна клупска верзија, што мислам дека и таа ќе се слуша, ќе се врти“, вели Џокси.

Околу тоа која од новите три верзии најмногу содејствува со оригиналната верзија, Џокси смета дека нема таква.
„Секоја песна си трпи одредени фалби и одредени критики. За тоа одговорност си сносат авторите на аранжманите, односно изведувачите. Најдолго трае верзијата на радио „Бубамара“ со Ламбе и со една посебна строфа од Огнен Неделковски, која е додадена на моите три строфи. Таа верзија од текст јас ја имам земено и преработено во хорска изведба. Истата таа верзија на текст и Александар ја има земено и направено клупска верзија. Што значи дека не би можел да одвојам и да кажам дека таа и таа верзија е нај нај. Сите се нај, меѓутоа од страна на слушател, на гледач, тие се меродавни кога ќе кажат дали е тоа така или не е така. Во овој момент хорската верзија предизвикува голема радозналост и внимание, затоа што за три дена помина некаде околу 6.000 прегледи, што сметам дека за наши услови тоа е супер“, вели Џокси.

Џина Папас-Џокси вели дека Велигден, настрана духовното, го врзува со неговата баба Уранија.
„Оние години во времето на СФРЈ, црквата немаше никакво централно значење и сите беа комунисти, или ако не, грото барем. Моите да, моите беа. И кај нас во фамилија немаше што да се вапсаат јајца, да се оди во црква, или да се оди по куќи како што има обичај во Тетово. Значи мојата баба Уранија ќе ме земеше за рака, бидејќи во Аеродром на приземје, ние преку прозор бегавме за да одиме во црквата „Архангел“ во Автокоманда. Бегавме преку прозор со јајцата во ќесето пред црква, ќе се помолевме, ќе се вратевме назад и никој ништо не знаеше за тоа. Тоа е една од сликите која ме има поттикнато за да размислувам да направам песна. Втора слика е што баба ми пред умирање ми кажа дека дедо ми Димитрија три пати праќал стројници по неа баш за Велигден, затоа што Велигден како централен верски празник по селата е број еден. Значи таа година сите се собирале во црковниот двор и нормално, тука се дружеле, се пеело, се играло и има уште три-четири слики кои влијаат врз мене за да можам да ја направам песната. Тоа е она што мене највеќе ме поттикнало за да ја направам оваа песна“, вели Џокси.
Целото интервју погледнете го во видеото.