„Колку е реално она што се случува во дуалниот систем на образование, ако пред 5-6 години имавме само 11 компании оваа година имаме 560 компании кои учествуваат во дуалното образование. Сите оние стандарди на занимање се изработуваат во соработка со бизнис заедницата. Се прават и нови образовни програми. Компаниите учествуваат и во класичното образование“ вели Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија во најновото издание на Трилинг.
Директорот на АСУЦ, Александар Стрезов во Трилинг рече дека „интересот за запишување во стручните училишта се зголемува оваа година, знаењата и вештините им овозможуваат лесен влез на пазарот на трудот“.
За тоа зошто подолг период има неусогласеност меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд, Јаневска со став „Овој проблем се влече многу години наназад. Образованието беше многу ригидно, но со тек на времето тие чекори беа уште поголеми. Сега имаме взаемна соработка меѓу образовните институции и бизнис заедницата“.
Стрезов вели дека кај сообраќајната струка оваа година има десетина ученици, на струка – професионален возач.
Македонските компании подолг период се жалат од недостиг на работна сила. За тоа како да се реши овој проблем, Јаневска вели „поголемиот дел се иселија од државата. Има начин како да се реши, преку формалното образование, но и преку неформалното образование“.
За тоа дали има договор со странските компании за практична работа на учениците, директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ вели „Дуалните паралелки во самата паралелка се влезени како партнери. Влегуваат во производствениот процес уште во прва година. Свесни се со што ќе се занимаваат по завршувањето на образованието. Ван Хол ни е партнер“.