(Видео) Советниците на СДСМ од Карпош против изградба на висококатници

Советничката група на СДСМ во Општина Карпош се заложува за хумана урбанизација и хумано живеење. Во оваа насока советничката група не поддржува проекти со огромни висококатници да никнат во Тафталиџе. Тоа нема да го дозволиме. Ова место во Карпош е главниот проток на воздух во градот и така треба да остане, изјави Влатко Бислимовски, советник на СДСМ во Советот на Општина Карпош.

– Секако дека на Општина Карпош и се потребни инвестиции, меѓутоа на соодветно место и со соодветна инфраструктура. Најостро ги демантираме изјавите на советничките групи на ДПМНЕ и ЛЕВИЦА кои заедно континуирано ја опструираат работата на советот и општината, во спротива на интересите на граѓаните.
Опструкциите на ДПМНЕ со 4.000 амандмани за носење на буџетот не е бојкот за носење на било кој ДУП, ниту пак доказ за работа и посветеност, туку конкретна опструкција на работата на Советот и Општината. 4.000 амандмани во кои на пола е сменета само 1 бројка се доказ за деструкција и бојкот на советот за тотална нефункционалност на општината. Ние како советници сме должни да работиме само и само во интерес на граѓаните, без никакви драми, одолжувања и бојкоти – рече Бислимовски.