(Видео) Снегот направи проблеми на Стража и во Катланово
Обилни врнежи од снег прават проблеми на патот Гостивар- Маврово-Стража-Кичево. Поради тоа има забрана за движење на тешки товарни возила. Внимателно движење и на автопатот Скове-Велес, кај Катланово, препорачуваат од ЦУК, заради одрони.
ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег патниот правец Гостивар- Маврово-Стража-Кичево од 12:40 часот е во прекин за тешки товарни возила.
Регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека треба да се вози внимателно на патниот правец Скопје-Велес, бидејќи добиле пријава од граѓани за одрони долж клисурата на патниот правец Скопје-Велес почнувајќи од с.Катланово. За настанатата состојба известени се јавните претпријатија за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта кои известија дека ќе пратат камион за расчистување на одроните.