Не отпаѓа идејата за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, практично тоа е вториот предлог да има широка влада без ДУИ за да се формираат избори“, вели поранешниот министер за финансии и универзитетскиот професор Трајко Славески ексклузивно за вечерашната емисија на Трилинг.
На прашањето „дали лидерот Мицкоски го информираше членството за средбата“, Славески беше категоричен дека партијата била известена за тоа.
Не само што го информираше туку и пред самата средба имавме средба за позициите со кои ќе настапи претседателот Мицкоски, а со тие позиции беше запознаена и македонската јавност, по завршувањето на средбата, категоричен е Славески.
Тој вели дека воопшто не е изненаден од понудата на Ковачевски за пет министерски места затоа што пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е сосема различен.
Не отпаѓа идејата за широка коалиција на ВМРО и СДСМ, тоа е втората опција да се формира влада без ДУИ и да има предвремени избори, вели Славески.
Според Славески за поздравување е резолуцијата на Германија, но тоа не го решава проблемот за да нема натамошни пречки во преговорите со ЕУ.
Германија и досега немала проблем со нашиот идентитет, тврди професорот Славески.
Професорот додаде дека не се согласува со констатацијата на новинарот Чомовски и според него опозицијата се уште е против договорот на „Бехтел и Енка“.
Ова е прв капитален проект во кој не се тргнува само без проекти, туку и не е обезбедено финансирање. Тие кажуваат дека финансирањето е од Буџет. Кој ќе може да обезбеди толкави средства од Буџетот, прашува професорот Славески.
Освен темите од македонската дневна политика, се дискутираше и на теми од фискалната и монетарната политика.
Инфлацијата во моментов е големо зло на кое не му се дава нужно внимание, завршува професорот.
Целата емисија може да ја погледнете во продолжение.