(Видео) Скандал на Олимпијадата во Париз: Италијанка не сакаше да боксува против „маж”

Бокс турнирот на ЛОИ во Париз во категоријата до 66 килограми жени понуди уште еден скандал, а одново во центарот на вниманието беше Иман Келиф, алжирската боксерка која на минатото Светско првенство падна на ДНК тестот кој покажа дека има машки хормони.

И покрај тоа, 25-годишната Келиф доби дозвола за настап во Париз, а дуелот против италијанската боксерка Анџела Карини го доби по само 46 секунди.

Италијанката реши да се повлече и го предаде мечот, не сакајќи да боксува против машко.

Иако го започна, по неполна минута таа сигнализираше дека се предава.