(ВИДЕО) Сиљановска го помеша Венс со Рубио, па потоа го прекрсти и во Ди Џеј
Во изјавата Сиљановска рече дека со Трамп бил и „потпретседателот Ди Џеј Венс“. Додаде и дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија. Всушност, Муцунски имаше средба со Рубио во Вашингтон на 29 мај.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги помеша државниот секретар на САД, Марко Рубио, со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Дополнително, во изјавата за медиумите, таа место Џеј Ди Венс го нарече потпретседателот – Диџеј Венс. Инаку, Венс не присуствуваше на Самитот на НАТО во Хаг.