Ја продолжуваме праксата за гостин водител во „Трилинг“, а вечерва таков гостин е колешката Катерина Синадиновска, но со неа имаме и кратка дискусија за пораките на Урсула Фон Дер Лајден кои Синадиновска ги оценува како охрабрувачки.
Посетата на Фон Дер Лајден испрати охрабрувачки пораки, не само кај нас туку и во целиот регион. Од нејзина перспектива, имајќи ја предвид ситуацијата со Украина, таканаречената брза трака со Украина и Молдавија дефинитивно фокусот сака да го стави на западниот балкан. Е сега, од аспект на содржината на тие пораки, освен охрабрувачки многу би било поздраво за нашето општество доколку би имале пореален осврт на ситуацијата кај нас како на пример холандскиот амбасадор. Тој сака отворено да зборува за проблемите кои секако ги имаме на патот кон ЕУ и Брисел, а не се однесуваат на уставните промени, вели Синадиновска.
Таа заклучува дека сите сме фокусирани на Уставните измени, заборавајќи ги останатите елементи.