(Видео) Силно невреме ја зафати Хрватска – откорнати дрвја и поплавени подруми

Силното невреме кое во текот на ноќта од неделата кон понеделникот го зафати поширокото сплитско подрачје им нанело многу проблеми на пожарникарите кои најмногу ги отстранувале дрвјата кои паднале на коловозите, но и црпеле вода од поплавените подруми.

Во Противпожарниот-оперативен центар на Сплитската жупанија, се дозна дека вработени во Јавната противпожарна служба (ЈВП) на градот Сплит, заедно со колегите од доброволната противпожарна служба (ДВД) Сплит, во текот на ноќта отстранувале дрвја од коловозите, јавува ХИНА.

Така веќе по 23 часот дрва паѓаа главно во центарот на градот, на патиштата и на паркираните возила на шеталиштето Мажураниќ, но и на голем број улици.

Поплавени се подрумски простории за што е потребна и интервенција на пожарникарите.

Покрај Сплит, невремето, грмежите и обилниот дожд ги зафати и Каштела, пошироката област Макарска, островите Хвар, Брач, Вис и Солта, а со помал интензитет и врнежи во останатиот дел од округот.

Во Сплит за кратко време наврнаа повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен. Големо количество вода исфрли и неколку канализациски капаци (шахти) низ градот. Освен материјална штета, која секако ќе биде предизвикана од дрвја кои паднале врз паркирани возила, за среќа при инцидентот не се забележани човечки жртви.