Попладнево, силно неврме ја погоди Битола. Граѓаните пријавуваат штети, улиците се под вода, а веднаш се јави и градоначалникот кој итно го свика кризниот штаб.
„Сите шахти се затнати, ѓубрето ни влезе во дворовите’,’Веднаш да си го смениш директорот на Нискоградба. Една шахта не е исчистена. Одговорност мора веднаш да има’“, се жалат битолчани во пораки упатени до градоначалникот Тони Коњановски и споделуваат фотографии.
Во продолжение може да забележите повеќе од видеото.
Градоначалникот за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб.
„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.