(Видео) Силно невреме се спрема во Хрватска

Невремето после Словенија, стигна и во Хрватска. Во Пореч се снимени сцени во кои се приближуваат црни облаци, проследени со невреме.

Бурата ќе го зафати и подрачјето на словенечка Истра, а можни се посилни налети на северни ветрови над морето во Трстскиот залив и долж словенечкиот брег, што значи појава на посилни бранови во морето.

За Истра е прогласен црвен аларм поради можно силно невреме, а што се однесува до останатиот дел од земјата, на сила е портокалово предупредување поради можна појава на грмотевици.

ДХМЗ штотуку објави црвен аларм за подрачјето на Загреб.

Метеоролозите предупредуваат и на интензивни врнежи од дожд, можеби и град во регионите Риека, Госпиќ, Карловац и Загреб, соопшти попладнево Дирекцијата за цивилна заштита.

Во Риека силен ветер соборил дрвја, а паднал и кран на контејнерскиот терминал на пристаништето Брајдица, објави хрватски Индекс.