(Видео) Силна експлозија во центарот на Смедерево, има жртви

Две лица се повредени во експлозија на зграда во Смедерево, соопшти денеска тамошното МВР.

Во соопштението се наведува дека околу 20 часот и 35 минути се случила експлозија на последниот кат од станбена зграда во улица Слобода.

Експлозија се случила на четвртиот кат од зградата во центарот на Смедерево, а три ката се кренати во воздух.

Се наведува дека на лице место се полицијата, припадници на Одделението за вонредни состојби и итните служби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Претходно РТС објави дека во експлозијата загинало едно лице. Причината за експлозијата се уште се утврдува.