(Видео) Силна експлозија во Санкт Петербург, дел од градот остана без струја

Вчера вечер снема струја на рускиот аеродром Пулково и квартот Шушари во Санкт Петербург, источно од аеродромот.

Според различни канали на Телеграм, локалните жители слушнале силен звук налик на експлозија и виделе блесок еден час пред прекинот.

Руските власти се уште не ја коментираат ситуацијата. Повеќе од 100.000 луѓе останаа без струја, објавија граѓани на социјалните мрежи.