
(Видео) Се урна авион на „Ер Индија“ со повеќе од 240 патници
„Летот од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патника и членови на екипажот во авионот Боинг 787-8. Од нив, 169 се индиски државјани, 53 се британски државјани, еден канадски државјанин и 7 португалски државјани. Повредените се однесени во најблиските болници, соопшти компанијата“.
Авион на „Ер Индија“ во кој имало 242 патници со лет кон Лондон се урна денеска кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.
Oд компанијата потврдија дека во авионот имало 242 патника.
„Летот од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патника и членови на екипажот во авионот Боинг 787-8. Од нив, 169 се индиски државјани, 53 се британски државјани, еден канадски државјанин и 7 португалски државјани.
LIVE VIDEO
Flight AI171, operating Ahmedabad-London Gatwick, was involved in an incident today#Ahmedabadplanecrash #london #planecrash #Ahmedabad #AirIndia pic.twitter.com/XFKVYVPf5k
— Vijaykumar Desai (@KumarVijayDesai) June 12, 2025
Повредените се однесени во најблиските болници, соопшти компанијата“.
Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и се видливи од голема далечина.
Службите за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, веднаш биле испратени на местото на катастрофата и во тек е операција за спасување.
Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната. Несреќата се случила кратко по полетувањето на авионот, под засега нејасни околности. Во тек е операција за пребарување и спасување за пронаоѓање и евакуирање на евентуално преживеани.
Ер Индија потврди дека нивниот лет 171 од западниот град Ахмедабад до Лондон Гетвик се урна во „трагична несреќа“.
„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на Ер Индија, од Ахмедабад до Лондон Гетвик, денеска имаше трагична несреќа“, изјави претседателот на Ер Индија, Натараџан Чандрасекаран.
„Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со семејствата и најблиските на сите погодени од таа катастрофа“, рече тој, додавајќи дека е активиран центар за итни случаи и е формиран тим за поддршка на семејствата кои бараат информации.
Во последниве години, Боинг 787 Дримлајнер се соочи со низа сериозни проблеми што предизвикаа загриженост во авиоиндустријата и меѓу регулаторите. Иако овој модел е познат по својата напредна технологија и ефикасност, низа инциденти и производствени неуспеси доведоа до зголемен надзор и критики.
Еден од најзначајните проблеми се однесува на производствените дефекти во споевите на трупот. Инженерот на Боинг, Сем Салепур, тврдеше дека за време на склопувањето биле користени несоодветни методи што би можеле да доведат до предвремено заморување на материјалот и потенцијално структурно оштетување.
Салепур предупреди дека доколку тие проблеми не се решат, тие би можеле да резултираат со катастрофални последици. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) започна истрага за да ги испита овие тврдења.
Покрај тоа, Боинг се соочува со обвинувања за користење несертифицирани делови во производството на 787 Дримлајнер. Италијанските власти открија дека повеќе од 4.800 делови што се користат во овие авиони имале лажни сертификати за квалитет. Овие откритија дополнително ја поткопаа довербата во производствените процеси на Боинг.
Покрај структурните проблеми, Дримлајнер имаше и оперативни инциденти. Во март 2024 година, авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на „ЛАТАМ ерлајнс“ имаше ненадејна несреќа во лет, при што беа повредени 50 патници. Иако авионот слета безбедно, инцидентот покрена дополнителни сомнежи за безбедноста на овој модел.
Овие проблеми доаѓаат во контекст на поширока контрола на „Боинг“, особено по двете фатални несреќи на „737 MAX“. Овие инциденти ги поттикнаа регулаторните агенции и авиокомпаниите да ги преиспитаат безбедносните стандарди и производствените практики на „Боинг“.