(ВИДЕО) Се возеше на кров на „Голф“ по Партизанска, казнет шоферот и „вејачот на знаме“

➡ По споделувањето на видеото во кое маж се вози на покривот на автомобил на булеварот „Партизански одреди“, од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека лицата се пронајдени и санкционирани.

По споделувањето на видеото во кое маж се вози на покривот на автомобил на булеварот „Партизански одреди“, од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека лицата се пронајдени и санкционирани.

– Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И.

За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата.