Серија експлозии утринава одекнаа во главниот украински град Киев, пишува Би-би-си. Ова е првиот руски напад на главниот град на Украина по неколку месеци пауза.
BREAKING: Multiple explosions rock central Kyiv pic.twitter.com/FmiEUBfPsR
— BNO News (@BNONews) October 10, 2022
Најмалку осум луѓе загинаа, а 24 се повредени во првите руски ракетни напади на Киев од јуни, а експлозии утрово се регистрирани и во други украински градови.
„Сите загинати се цивили кои се возеле или движеле во центарот на Киев. Запалени се шест автомобили“, изјави советникот на украинското министерство за внатрешни работи, Ростислав Смирнов.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека имало неколку експлозии во централниот Шевченковски реон во Киев, а во експлозиите има загинати и повредени, соопштија украинските служби за итни случаи.
Kyiv city centre right now. pic.twitter.com/hLFFBNvYec
— Matti Maasikas (@MattiMaasikas) October 10, 2022
The attacks on #Kyiv could be heard during the #BBC broadcast. pic.twitter.com/6EIMpfRSXd
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Нашата храброст никогаш нема да биде уништена од ракетите на терористите, дури и кога тие ќе го погодат срцето на нашиот главен град. Ниту пак ќе ја разнишаат решителноста на нашите сојузници. Единственото нешто што неповратно го рушат е иднината на Русија“ – напиша на Твитер министерот за одбрана на Украина – Олексеј Резников.
Our courage will never be destroyed by terrorist's missiles, even when they hit the heart of our capital. Nor will they shake the determination of our allies. The only thing they demolish irriversibly is the future of 🇷🇺 – a future of a globally despised rogue terrorist state.
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) October 10, 2022