Предизборни и постизборни коалиции, претседателски кандидат, популизам, национализам. Ова беа клучните теми кои ги зборувавме вечерва во „Трилинг“ со Сефер Селими од Демократска лабораторија.
Темите кои ќе доминираат секако ќе бидат популистички патриотизам. Тоа очекувам да е главно кај ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна кај СДСМ ќе се обидат да го наметнат процесот на евроинтеграција како главна тема на дискусија и обвинувањето ќе го оддалечни овој процес од граѓаните. Во албанскиот политички блок освен евроинтеграцискиот процес ќе доминираат и меѓусебните обвинувања посебно од страна на опозицијата кон ДУИ како корумпирана, вели Селими за Трилинг.
За уставните измени вели дека малку е веројатно да се случат.
Тоа е малку веројатно да се случи, да не речам невозможно. Тргнувајќи од анкетите кои ги користи ВМРО-ДПМНЕ голем дел од нивниот рејтинг е билдан врз основа на опструкцијата на Уставните измени. Секако дека тоа ќе биде неопходно за следната влада, да го одблокира овој процес на евроинтеграција, потенцира Селими.
Селими смета дека ДУИ и СДСМ ќе се оддалечат овие избори, а тоа ќе има директно влијание овие избори.
Мене навистина ми е жал што се пропушти од тој консензуален кандидат. Јас навистина тоа сакав да го видам и од другата страна, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција, кажа аналитичарот.
Според него првиот круг на претседателски избори ќе биде мерење на рејтингот за парламентарните избори.
И ДУИ ќе настапува со свој претседателски кандидат, а тоа во албанскиот политички блок значи некој начин на мерење на рејтинг и мерење на расположението на гласачите за претстојните парламентарни избори. Не очекува жестока трка за парламентарните избори. Во македонскиот блок веројатно е дека идниот шеф на државата ќе има сериозни импликации и за вториот круг, вели тој.
На крајот тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема широк коалициски капацитет. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ е координирано со албанската опозиција.
Целата емисија погледнете ја во продолжение: