Нелојалната конкуренција со онлајн медиумите кои никнуваат пред избори, медиумите во Македонија, слободата на говор, заклучоците по посетата на европската федерација на новинари се само дел од темите кои вечерва ги дискутираме со Драган Секуловски – извршен директор на ЗНМ.
Како дел од новиот концепт на „Трилинг“ имаме гостин водител, а новинарката Катерина Синадиновска дискутира со директорот на најстарата новинарска организација во Македонија. Тој за „Трилинг“ ја коментираше посетата на европската федерација на новинари и заедно со други меѓународни здруженија ја посетија Македонија и ги истражија состојбите во новинарството кај нас.
Секуловски објаснува што вклучува оваа посета и тој вели дека тие оставариле средби со клучните фигури на политичката сцена во Македонија. Поточно оствариле средби со претседателот, премиерот, министерот за информатичко општеството, диркеторите на јавните претпријатија и останатите политички чинители.
Новинарката Синадиновска заедно со гостинот костатираше дека политичарите сѐ уште не ја препознаваат моќта на новинарите, а ова категорично го потврди и првиот човек на ЗНМ.
За жал на дел од тие состаноци нашите колеги добија впечаток дека дел од политичарите кај нас сметаат дека новинарите служат за нив, а не за граѓаните, вели Секуловски.
Тој објаснува дека при состаноците имало непријатни моменти.
Ако некој политичар смета дека нивната фејсбук страна е поважна од страна на истражувачко новинарство тогаш треба да имаме сериозни разговори како да се надмине тоа како перцепција.
Во полето на онлајн медиумите новинарката Синадиновска и Секуловски заеднички заклучија дека има голема нелојална конкуренција и дека многу медиуми никнуваат како „печурки после дожд“. Дали оваа практика ќе биде напуштена?
Имаме непријатно искуство од минатите локални избори каде што стотици илјади евра на нетранспарентен начин тие пари се истураа делумно во голем дел онлајн медиуми каде не се знаеше кој е уредник, а кој новинар. Дури имаше и дел од нив кои што не се бавеа од информации за јавен карактер, а тоа го покрена прашањето дека има потенцијална злоупотреба предвидена во изборниот закон. Со цел таа грешка да не се повтори како здружение на новинари инициравме неколку предлози што беа побарани од професионалните онлајн медиуми, потенцира Секуловски.