(ВИДЕО) Сведоштво за трагедијата која ја потресе Македонија

„Како семејство не ги познавав многу. Мајката беше многу тивка, секогаш гледаше во земја и детето беше до неа. За таткото знаевме дека е пожарникар. Цела зграда знаевме дека во тој стан имаше насилство. Кавги има секаде, но ова беше видливо насилство. -За ваков чин да направи мајката, претпоставувам дека не гледала никаков излез“, изјави за „Трилинг“ Тања Спировска, соседка на жртвите кои ја потресоа македонската јавност.

Гневот, очајот и беспомошност од неколку годишното малтретирање, тепање, веројатно било причина два млади животи прерано да згаснат.

Трагедијата што се случи во понеделникот ја потресе јавноста.

„Присилено самоубиство“ – трагедијата на прерано згаснати два животи, како резултат на долгогодишно насилство.

Колку треба човек да е гневен и беспомошен за 31-годишната мајка Ивана, заедно со својата 7-годишна ќерка Катја да се фрлат од шести спрат?

„Колкав ли е тој очај за да отидеш во смрт со своето Чедо!“, пиша на својот Фејсбук профил Винка Саздова, писател и издавач .

„Како семејство не ги познавав многу. Мајката беше многу тивка, секогаш гледаше во земја и детето беше до неа. За таткото знаевме дека е пожарникар. Цела зграда знаевме дека во тој стан имаше насилство. Кавги има секаде, но ова беше видливо насилство.

-За ваков чин да направи мајката, претпоставувам дека не гледала никаков излез“, изјави за „Трилинг“ Тања Спировска, соседка на жртвите кои ја потресоа македонската јавност.

Интервјуто каде Спировска ги изнесува деталите погледнете во видеото