(Видео) Саем на книга: Интерес за книги има, луѓето кај нас сакаат да читаат, недостасуваат настани кои ќе го слават читањето
„Политичарите на културата се сеќаваат само кога се избори, се појавија доста од претседателските кампањи. Но никогаш не сум ги видел надвор од кампањите, никогаш не сум ги видел сами да дојдат и да си купат книга“ – вели писателот Петар Андоновски кого екипата на Трилинг го посети на Саемот на книгата во Скопје.
Интересот за купување на романи на Саемот за книги е голем, имаше голем број на посетители, доминираше младата популација.
Бојан Саздов, главниот уредник во издавачкиот центар „Три“ за Трилинг вели „Саемот, иако порано беше доведено неговото постоење, неговата приказна е многу позитивна. Интерес за книги има, луѓето кај нас сакаат да читаат, недостасуваат само настани кои ќе го поттикнуваат и ќе го слават читањето“.
Андоновски вели дека се читаат класици, тие секогаш се во тренд.
Писателот Жарко Кујунџиски потенцираше – „Треба да го поттикнеме читањето“.
Погледнете ја репортажата на Трилинг од Саемот за книгата кој се одржа од 18 до 24 овој месец во салата „Борис Трајковски“ во Скопје: