Видео кое кружи на социјалната мрежа Телеграм ја покажува неверојатната акција на руски војник кој удира со глава вол дрон и потоа продолжува понатаму.
Дронот експлодирал, а војникот, според прикажаното на снимката, останал неповреден.
Украинците преку ден го гаѓаа трговскиот центар во Доњецк. Во нападот беа оштетени и болница и неколку куќи. Украинската армија со континуиран оган им оневозможува на пожарникарите и возилата на брзата помош да стигнат до трговскиот центар.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале.
Станува збор за еден од најголемите трговски центри во тој дел од градот кој се грижи за голем број луѓе, поради што се стравува дека бројот на загинати може да биде многу поголем.