(Видео) Русија бомбардираше пазар во украински град среде бел ден

Најмалку 16 лица загинаа во руското бомбардирање на пазар во Костијантинивка, град на истокот на Украина, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесуваат светските агенции.

„Руската терористичка артилерија уби 16 луѓе во градот Костијантинивка, во областа Доњецк“, напиша Зеленски, додавајќи дека биле погодени пазар, продавница и аптека.

„За жал, бројот на загинати и повредени може да се зголеми“, рече тој.