(Видео) Роналдо со тупаница тргна да го удри судијата затоа што заработи црвен картон

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо уште еднаш го привлече вниманието на светската јавност, но овој пат со причина која сигурно не ја очекуваше – доби црвен картон во 86. минута поради обидот да го удри судијата за време на натпреварот.

Овој инцидент се случи на натпреварот помеѓу Ал Хилал и неговиот Ал Наср во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија (2:1).

На самиот почеток од натпреварот Роналдо беше видно изнервиран откако судијата му покажа жолт картон на неговиот соиграч. На крајот од првото полувреме најпрво ја заработи првата јавна опомена, а на крајот на натпреварот се случи споменатиот инцидент кој резултираше со црвен картон за Роналдо.

Тој бурно реагираше на судиската одлука, а со својата реакција ги шокираше и навивачите на стадионот и фудбалските фанови ширум светот. Имено, тој ја крена тупаницата и гестикулираше дека сака да удри некого.

Овој инцидент предизвика бројни реакции кај фудбалската јавност, но и стручњаци од светот на спортот. Многумина ги осудија постапките на Роналдо, посочувајќи дека ваквото однесување не треба да толерира никој, па ни играч од калибарот на Роналдо. Од друга страна, во негова одбрана излегоа неговите верни навивачи кои тврдат дека ситуацијата е претерана и дека Роналдо немал намера да го удри судијата.

Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше асистент при првиот гол за Хилал во 61. минута преку Ал Давсари, Малком во 72. го удвои водството, а Садио Мане намали во деветтата минута од судиското надополнување.

Во второто полуфинале славеше Ал Итихад, а финалето против Ал Хилал е закажано за 11 април.