(Видео) Роналдо со два прекрасни погодоци донесе нова победа за Ал Наср

Саудискиот клуб Ал Наср во кој игра Кристијано Роналдо победи со 4:3 во натпреварот од третото коло на азиската Лига на шампиони против катарскиот клуб Ал Духаил.

Португалецот беше стрелец на два гола за својот тим, а асистираше за уште еден, па така сосема заслужено го доби и признанието играч на мечот.

Талиска по асистенција на Роналдо го отвори резултатот, а во листата на стрелци се запиша и Садио Мане. Стрелци за Ал Духаил беа Мохамед, Алмоез Али и Олунга.

Ал Наср е лидер во својата група пред Персеполис кој има шест, додека Ал Духаил и Истиклоп имаат по еден.