За Судскиот совет, судството, предметите кои се чуваат во фиока, политичкото влијание во судовите и непотизмот зборуваме со поранешната судијка Милка Ристова.
Според новата анкета на ИРИ само 1% од граѓаните имаат целосна доверба во судот и обвинителствата. Оваа лоша перцепција во нашето судство, Ристова ја коментира како една од многуте работи која покажува дека состојбата е алармантна и граѓаните немаат доверба во многу од институциите.
Во судството е толку ниска довербата затоа што најмногу од таа недоверба се гради на основа на предметите кои се медиумски експонирани, кога се обвинети личности од висок профил за тешки злоупотреби и дека тие постапки долго траат, дел од нив застареа, вели Ристова и така ја објаснува довербата од 1% за судството.
Според неа судскиот совет требало да биде гарант на независноста на судството, но за жал не излегло така.
Судскиот совет требаше да биде гарант на независноста на судството таму каде што судиите нема да го применуваат законот имаат овластување да вршат разрешување на судиите. Судскиот совет мора да работи со потполен легитимитет и секое намалување влијание врз работата врз целото судство. Меѓутоа добрата уставна и законска рамка дека судскиот совет ќе биде тоа што е негова надлежност сама по себе не овозможува гаранција дека судството ќе биде независно, вели Ристова.
Ристова категорично кажува дека иако партиите се залагаат за независност, сепак инсистираат да имаат свои членови.
Ниту една извршна власт не ги тргнала рацете од судството, односно настојува во тоа тело да делигира свои членови кои ќе бидат на некој начин делигирани, додава таа.
Ристова ги објаснува судските процеси и непотизмот во судството, а повеќе за тоа може да погледнете од видеото во продолжение: