
(Видео) Рендевска: Угостителите се тие коишто треба да гарантираат дека се исполнети условите за работа
„Угостителството е проценето со среден ризик. Проценето е така бидејќи согласно Законот за угостителска дејност, угостителите се тие коишто се должни да гарантираат дека ги исполнуваат минимално техничките услови“, вели Рендевска.
„Инспекциските служби како институции не потфрлиле, можеби поедницни вработени во службите, за коишто истрагата е во тек и ќе покаже кои и зошто, со име и презиме, требале да го врши надзорот и зошто не го извршил. Но треба да бидеме свесни дека инспекциските служби се само една алка од синџирот во контролирањето на субјектите на надзор“, изјави во „Трилинг“, Даниела Рендевска, Претседателка на Инспекциски совет околу тоа дали требаше ваква трагедија да се случи за инспекциските служби да се мобилизираат, а и во јавноста се има впечаток како да имало ноншалантен однос и прогледување низ прсти на одредени институции, кафулиња, згради…
-Во процесот на донесување на новиот закон (од 2019 година) за инспекциски надзор којшто беше донесен со широк општествен консензус и во којшто активно учество земаа и Стопанските комори, а токму тие критикуваа дека се постојано инспектирани од инспекциските служби, дека не можат да ги вршат своите бизниси и своите стопански активности, бидејќи глобите за изречените прекршоци се енормни, и токму државата имаше слух да донесе Закони по препораки на Светска банка да се овозможи подобра бизнис клима, со тоа што и Законот за инспекциски надзор кој се донесе во 2019. година негова примармна цел беше превентивниот пред репресивниот аспект при вршење на инспекцискиот надзор и се воведе опомента како мерка којашто инспекторите ја изрекуваа при првичните контроли. Таа не беше донесена за да се злоупотреби туку таксативно требаше да се предвиви во нивните материјални закони во кој случај како прва мерка се изрекува опомената и втора цел на овој Закон беше вовдувањето на степенувањето на ризикот, односно планирањето на инспекциските надзори да се врши врз основа на метологија за проценка на ризик и при вршењето на редвните инспекциски надзори задолжителност на листите за проверка и најавување редовниот инспекциски надзор три дена кај субејктот на надзор за да може самиот да се провери дали ги исполнува условите, да ги спреми документите за кога ќе дојде инспектор да не му одзема цел ден, туку одма да покаже на инспекторот“, вели Рендевска.

На прашањето дали како Инспекциски совет имале информација и дали знаеле кога последен пат е направена инспекција во дискотеката во Кочани, Рендевска вели дека во Законот за угостителска дејност надзор вршат пазарните инспектори.
„За да врши еден инспектор надзор, согласно законот тој треба да има месечен план за редовни надзори коишто му ги подготвува неговиот раководител односно директор, а е врз основа на годишниот план за инспекциски надзор. Но во месечниот план се внесуваат само редовните надзори. Во текот на месецот пазарните инспектори можат да добијат голем број на претставки од граѓани, наредби од Влада, налог на Инспекциски совет да се вршат вонредни контроли. Така што треба да се прави дистинкција помеѓу редовните и вонредните надзори и требада се има на ум дека инспекторот не може да оди во надзор без да има налог од претпоставените“, вели Рендевска.
За тоа кога последен пат била вршена редовна контрола, или имало вонредна контрола ако имало дојава или поплака, Рендевска вели дека сите тие податоци моментално се во Обвинителството.
„Не сакам сега да шпекулирам со бројки, таа евиденција си ја водат службите за извршени надзори. Јас мислам дека видов една и тоа во кафе барот, не во кабарето и мислам дека има еден надзор во 2024 година по Закон за пушење. Пазарните инспектори не постапуваат само по Законот за угостителска дејност. Морам да нагласам дека они постапуваат по 39 зекони и 45 правилници. Не сакам ниту да ги бранам, ниту да ги напаѓам во нивното постапување. Зошто не постапиле, дали биле должни или не биле должни ќе покаже истрагата. Тука мора да го имаме на ум Законот за угостителска дејност. Тој Закон, што слушав од медиумите и од поранешни министри, кога се носел исто имал за цел да ги намали администативните пречки на угостителите при добивање на одредени дозволи или лиценци за вршење на угостителска дејност“, вели Рендевска.
На прашањето од што се плашат инспекторите и дали и тие самите се дел од алката на корумпирани институции, Рендевска вели дека истрагата сама ќе покаже.
„Не би би шпекулирала. Сигурно имало некакво влијание, но тоа истрагата треба да го покаже“, додава Рендевска.
Претседателката на Инспекцискиот совет вели дека тие немаат надлежност да одредуваат каде ќе оди инспекторот, туку тоа го прави неговиот претпоставен по претходно донесен годишен план за инспекциски надзори која што се утврдува согласно методологија за проценка на ризик.
„Угостителството е проценето со среден ризик. Проценето е така бидејќи согласно Законот за угостителска дејност, угостителите се тие коишто се должни да гарантираат дека ги исполнуваат минимално техничките услови“, вели Рендевска.
Околу градежништвото и тоа каква сигурност имаат клиентите кога секоја шеста издадена лиценца во градежништвото или урбанизмот е невалидна и има пропусти, Рендевска вели дека една од надлежностите на Пазарниот инспекторат е да го утврдува квалитетот на градежните материјали.
„Кога збориме за Пазарниот инспекторат, мора да напоменеме за неговата кадровска екипираност. Реално во моментов има 150 пазарни инспектори, а согласно актот за систематизација имаат систематизирани 315 работни места. Значи имаме пополнетост на 48%. Таква е ситуацијата со човечките ресурси со кои моментално се располага. Недостатокот на кадровски потенцијал е реален и голем проблем којшто државата го има. Државата е можеби пренатрупана со администрација во други сфери, но во делот на инспекциските служби, од сите 28 инспекциски служби кои Инспекцискиот совет ги координира, пополнетост има на само 60%. Кај шест инспекциски служби тоа е под 30% екипираност со инспектори.

За тоа каде е вината што се толерира работење на кабаре, дискотека, се издаваат дозволи за работа кои во меѓувреме им истекува лиценцата а објектот проддолжува да функционира, Рендевска вели дека се работи за неусогласеност на законите.
„Се работи за аномалии во законската регулатива. Законот за угостителска дејност никаде стриктно не пишува кога инспекторот треба да излезе, колку пати годишно. Има различни толкувања дека 15 дена пред да започне со работа угостителот должен е за исполентоста на минималните технички услови да ги достави и до Државниот пазарен инспекторат. Се претпоставува, но нема законски пропишано обврска дали во рок од тие 15 дена инспекторот треба да отиде и да ја провери исполнетоста на минималните технички услови или тоа е слободно толкување – кога ќе може да го провери и слично, вели Рендевска.
„Дали оваа несреќа требаше да ни се случи, вели Рендевска, за сите да се мобилизираат и да излеземе на терен или таа наша ноншалантност, не сум кодош не сакам да го пријавам комшијата, доведе то тоа“.
Околу најавите за зеднички инспекторски надзори и што би бил ефектот сега пост фестум после една ваква трагедија, Рендевска вели дека ги поздравува зачестените инспекциски надзори.
„Можеби се задоцнети, и нема никакво оправдување после тоа што се случи, но мислам дека трагедијата ќе ни ја зголеми свеста. Жалосно е што свеста почнува да ни проработува после една ваква голема трагедија којашто ќе остави долготрајни последици на целото општество, но после ова мислам дека кај сите угостители е сменета свеста, слушаме како сите во паника почнуваат да бараат противпожарни апарати, некои сами се затвораат. Законот е таков – ако нема лиценца го затвора на 30 дена до добивање на лиценцата, но добивањето на лиценцата е само со изјава на сопственикот на дискотеката или кабарето дека он ги исполнува минимално-техничките услови“, додава Рендевска.
На директното прашање каде го гледа пропустот во случајот со Кочани и дали можело да се избегне ваква трагедија, Рендевска вели дека можело ако прво самиот угостител бил свесен што прави – а продавал карти за капацитет на гости којшто го немал.
„Тој бил свесен дека немал две излезни врати, односно едната цело време била затворена, се употребувале пиротехнички средства за коишто претходно требало да се има дозвола“, вели Рендевска.
„Угостителот најмил Агенција за обезбедување. Законот за угостиелска дејност убаво кажува што е должен. Тој или обезбедувањето има право да ги легитимира. Во законот за угостителска дејност, мислам дека беше член 15 стои за што се е должен угостителот. Тој може да проверува и дали има малолетници. Јас не сум обвинител или судија, истрагата ќе покаже“, смета Рендевска.
Целото интервју со Даниела Рендевска, претседателка на Инспекциски совет, погледнете го во видеото.