Со универзитетската професорка и поранешна пратеничка Фросина Ташевска Ременски вечерва во „Трилинг“ разговаравме за тоа дали е нарушена безбедноста на граѓаните во земјава по зачестените претстрелки на јавни места, за измени на Кривичниот законик и амнестија, како и за Груевски и пропуштените шанси на власта предводена од СДСМ.
Ременски напоменува дека регионот и цела Европа се соочуваат со сериозни безбедносни ризици. Како еден од ризиците професорката ја истакнува миграцијата како потенцијална можност за прелевање на терористи и радикални екстремистички структури.
Престрелката во центарот на главниот град каде беше пукано кон Раде Трајковски – Штекли поранешната пратеничка го оценува како пресметка на сериозна криминална историја познато за полицијата и безбедносните служби.
Во континуитет изминативе години не само по однос на овој инцидент, туку и сите слични инциденти порано, но и дојавите за бомби во средни училишта зборуваме дека ние имаме нереални чувства за небезбедност. Граѓаните оценуваат дека нивната безбедност е загрозена затоа што се дозволува од страна на институциите да има ваква престрелки кои институциите навремено не ги превенирале, а така се загрозува општата безбедност на граѓаните. Во престрелката на група има сериозна криминална историја познато за полицијата и безбедносните служби. Во дадени моменти тие криминални групи многу ефикасно и би кажала суптилно биле употребувани од страна и од државни институции во влијанието на некои општествени процеси коии се покажале дека ги има како такви, вели Ременски за „Трилинг“.
;
На прашање „дали полицијата ги штити овие криминални групи“ Ременски вели дека треба да бидат под засилена контрола овие лица кои се познати за полицијата.
Станува збор дефинитивно за позната структура препознаена во полициски евиденции така што полицијата во овој контекст на препознавање на членовите и можните учесници во ваквите одмазнички пресметки кои подигаат степен на загриженост за безбедноста можат многу лесно да ги идентификуваат, да ги стават под засилен криминалистички надзор, во криминалистички обработка, но исто така и да ги решат ваквите престрелки да претпостават кој е сторителот, заклучува Ременски.
За измените во КЗ и амнестијата таа вели:
Целата глава од КЗ за дела против службената должност познати како чиновнички кривични дела не оди усогласувањето со реалниот одговор од она што ни се бара од ЕУ да се санкционираат и да бидеме реблосни во тоа справување со чиновничката корупција, вели Ременски.
Таа кажа дека имала и судир со сегашните, но и поранешни функционери.
Одредени вредности кои ги има општеството и треба да всадат на идните генерации не треба да ги калкулираме со нив ниту да ги забораваме и да отстапиме од нив. Тој мој став ме доведе да се судрам со дел од сегашните и поранешни структурите, вели Ременски и додава дека тоа ги направило граѓаните разочарани и апатични.
На прашање од новинарот Чомовски „Дали се срамите од одредени политички одлуки на оваа влада“, Ременски вели дека повеќе се лути отколку што се срами.
Повеќе се лутам отколку што се срамам. Срамот е индивидуална категорија за нешто што сте го направиле или не сте го направиле. Факт е дека се лутам, потенцира Ременски.
Таа додава дека можеби е изневерена од СДСМ, но клучна цел е евроатланскиот пат на Македонија.
Факт е дека ние имаме изневерување на довербата од СДСМ. Имаме испуштено значителен дел од таа шанса во која реално можевме не само да вратиме доверба и во оние кои не ни верувале туку да ја оправдаме довербата кај оние кои не излегуваа на избори, а во 2016-та година ни ја дадоа, рече Ременски и заклучи дека не треба да ја прокоцкаме оваа шанса која е добробит за граѓаните туку и добробит за идните генерации, а тоа е евроатланскиот процес.