(Видео) Разговор со Мирче Јовановски: Дали намалувањето на цените од Владата ќе има ефект?

Во оваа сезона, секое издание на „Трилинг“ воведовме рубрика гостин водител, а таков вечерва беше Мирче Јовановски од „Независен“.

Околу новите мерки на Владата за „намалување на цените“ во разговорот меѓу Горазд Чомовски со гостинот, тој вели дека нашата држава е полна со контрадикторности.

Македонија е полна со контрадикторности. Јас не памтам наназад во јули и август цените на зелените производи да одат нагоре. Обично покрај скапотијата јули и август биле релаксирачки месеци и луѓето тогаш можеле да си ја наполнат кошницата. Годинава не беше така и на зелените пазари и во маркетите храната многу се зголеми, а тоа го потврдија и податоците на ДЗС, вели Јовановски.

Тој се сомнева во квалитетот на овие мерки.

Овие мерки на Владата дали ќе дадат резултатите ниеден економист не би можел со сигурност да каже. Треба да се види. За мене е контрадикторна мерката каде се ограничуваа цените на овошјето и зеленчукот од први август, а слушнавме дека и министерот Бектеши рече дека ќе се намалат царините. Тоа ќе овозможи да се зголеми увозот и на тој начин да дојде до релаксација во наредниот период.