Пожарникарите од Струмица на својот Фејсбук профил споделија видео од тоа како изгледа Пехчево после пожарот. Тие напишаа:
„Вака изгледа пеколот на земјата, пеколот над Македонија и Пехчево!
„Уништени се стотици хектари квалитетна борова шума, едни од најубавите места во Македонија. Пожарот е ставен под контрола, стотици пожарникари-спасители, припадници на Тигрите, ЕБР, АРМ, доброволци… учествуваа во гаснењето на огнената стихија. Благодарност до сите граѓани кои не подржуваат во овие тешки денови“ – стои во нивната објава.