Најмалку три лица загинаа, а 15 се ранети во пукање што се случи во Стоктон, Алабама, по кратка расправија, едно лице почнало да пука со огнено оружје во толпа од околу 1.000 луѓе.
Во тој дел од Алабама се славела пролетна прослава во чест на доаѓањето на летото и потоплите денови.
Канцеларијата на шерифот ги опиша и сцените на хаос што следеше по пукањето, убедени, како што велат, дека сигурно имало повеќе стрелци од само еден.
Пукањето се случило околу 22:30 часот по локално време и е последно во серијата од 155 масовни престрелки во САД во 2024 година.