(Видео) Проф. Панов: 11 Октомври е симболот на непокор на македонскиот народ и на останатите заедници коишто се избориле за државноста
11 Октомври е еден од најзначајните одредници во историјата, почетокот на антифашистичката борба во Македонија, 19941 година, дали во модерната пост-воена историја е доказ дека постојано сме на вистинската страна или се уште имаме дилеми во однос на тоа, дали во тоа време бевме на вистинската страна.
Во интервју за „Трилинг“, директор на ИНИ – Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов вели дека ние секогаш сме биле на правилната страна, но прашањето е што сме добиле од тоа.
„Во случајов 11 Октомври е симболот на тој непокор на македонскиот народ и на останатите заедници коишто се избориле за државноста, коишто го почнале и иницирале вооружениот отпор против окупацијата и фашизмот и тоа е таа симболика или придонес којашто Македонија ја има во тие да кажеме сега европски вредности, коишто предупредуваа да не се повтори, вели Панов.
Тој го потенцира фактот дека 11 Октомври би требало да биде не само одбележување на еден значаен настан, туку и секогаш преиспитување на самите себе. Што направиле нашите претходници, што ние треба да направиме сега за државата.
„Тоа треба постојано да го имаме предвид кога зборуваме или да се преиспитуваме дали сме на вистинската страна“, вели Панов и додава дека историјата по дефиниција е нешто што ја рефлектира традицијата.
„Едно е да имате традиција којашто се оддржува, во случајов ние го имаме 11 Октомври како ден определен со Президиумот на АСНОМ, одлуката за прогласување на 11 Октомври која што е донесенана Президиумот на народното собрание на 8-ми Септември 1945 година и тоа е Закон за прогласување на Народното востание во Македонија за народен и државен празник. Тоа е таа одлука којашто еве ние како Институт за национална историја и заедно со Државниот архив ќе биде дел од изложбата којашто ја организираме по повод 80 години од АСНОМ и антифашистичката борба и која што на 13 Ноември свечено ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност.
-На тој начин сакаме да дадеме придонес во тој поглед на тоа на кој начин се одбележува овој јубилеј и каква била државотворноста, бидејќи изложбата ќе биде посветена на државотворноста на АСНОМ преку формирањето на институциите и сите овие асномски одлуки ќе бидат поместени во изложбата, изјави Панов.
Панов истакнува и дека граѓанството е дел од таа интелигенција која што застанува на чело на мобилизацијата на тој отпор против тогашните власти и на крајот резултира со едно масовно востание.
На прашањето дали се истражени сите црни петна од воената и постокуминистичка историја во Македонија, како на пример, побуната во Скопје со паролата на Солун, а не на Срем или Голи оток, југословенскиот голак или ликвидациите во граѓанската десница со Ченто, проф д-р Панов смета дека тоа се прашања коишто постојано ќе треба да се истражуваат, бидејќи нашата историографија ги има апсолвирано во дел, меѓутоа мојот впечаток е дека тоа постојано треба да биде дел од нашите понатамошни истражувања.
„Јас секогаш зборам дека историјата не смее да се сфати како вечна вистина и дека треба да работиме кон тоа да се истражуваат нови факти, нови документи, нови архивски материјали, за да можеме да се доближиме до вистината. Не би рекол дека ова се петна, туку тоа е дел од нашата историја.
-Историјата, односно документите во својата суштина се субјективна категорија. Зборам за тоа што се наметнува како тенденција да се ревидираат одредени факти, тоа е едниот аспект. Другиот аспект е дека сите изворни податоци се прукт на одредено време, но истовремено треба да имаме предвид дека во оформувањето на нашата претстава за минатото, секогаш треба да ги имаме предвид и традициите коишто биле негувани на овие простори. Така што доколку го гледаме тој сегмент, на негување на традиции меѓу народот којшто се оддржал толку време, сфаќаме дека во суштина тоа е тоа што ја движи државата, смета Панов.
За тоа како и кога ќе се истражуваат процесите и настаните и личностите од модерното време на самостојна Македонија, професорот смета дека тие се почнати со тоа што друго е прашањето колку ние во конкретниот момент сме екипирани да го реализираме тоа, бидејќи во изминатиот период историјата како да беше маргинализирана. Институтите беа ставени на страна од сите процеси и мислам дека со една добра стратегија и со една добра политика може да се динамизираат тие истражувања, се со цел да се проучи и современиот контекст.
„Имаме ние современици коишто се сведоци, па и ние самите сме сведоци на современиот контекст на Македонија и оценката обично доаѓа со една поголема хронолошка дистанца, бидејќи субјективноста е секогаш присутна во однос на тоа кој што направил во однос за државата, меѓутоа водилка на се е индивидуалноста, кој како ќе гледа во однос на тоа што треба да направи за државата“, истакна Панов.
Околу работите во заедничата Комисија Панов вели:
„Го спомнав АСНОМ, да ние сме биле на вистинската страна, но прашање е дали тоа сега реално се цени, бидејќи ние постојано треба да ги истакнуваме нашите жртви и жртвите на нашите Евреи, кои што се жртви на тие воено-политички контексти и довеле до такви војни коишто во случајов предупредуваат. Во Манифестот на АСНОМ јасно се дефинира каква била улогата на тогашна Бугарија и каква била улогата на Македонија во тој поглед. Ако во работата на историската комисија меѓу Македонија и Бугарија не се меша политиката веднаш ќе најдеме решение, проф. д-р. вели Митко Панов директор на Институтот за национална историја и член на комисијата со Бугарија во интервју за „Трилинг“.
Целото интервју погледнете го во видеото.