(Видео) Проф. Кекеновски: Македонија е посебна приказна – прирачник за самоуништување

-Како држава ние сме прирачник за самоуништување. Ние не изградивме европски идентитет. Ќе почнеме внатрешно да трулиме ако не се интегрираме. Ќе ни избегаат најдобрите деца, ќе избегаат оние кои знаат да прават пари, ќе заминат и најбогати луѓе, смета проф. Кекеновски.

„Тоа што се вика историско време се убрзува. Нешто што ние сме го чекале, тлеело долго време, за што се разговарало, што имало конфликт и се барало разрешување, имало опција како да се реши и ние тоа што мислевме дека Светскиот економски форум разговара за големиот економски ресет, никој не сфати дека големиот економски ресет подразбира воен конфликт и дека војната е ‘продолжување на политиката со други средства’“, изјави во „Трилинг“ универзитетскиот професор Љубомир Кекеновски, околу бурата од светски реакции по изборот на Трамп за претседател на САД, неизвесноста дали вооружените конфликти ќе бидат сменети со трговска војна и каде е Македонија во новото прегрупирање околу американскиот хегемонизам.

-За нас е сега битно, додава Кекеновски, да ја видиме политиката и логиката што стои позади светските играчи – економските интереси пред сѐ, геостратегијата, поделбата на ресурсите.

„Таман мислевме дека замина приказната од онаа класика дека сите војни се за економска и територијална поделба на светот, оваа најнова војна најдобро ни покажува дека се е старо како во 19. век и како милениуми претходно. Затоа би рекол дека новата американска гарнитура го живее и ќе го живее времето на она што го викаат „олако обечана брзина“, затоа што интересите конфликтите се толку стари, толку длабоки да не еден телефонски повик, туку многу разговори, многу конфликти, многу ссобразувања, уважувања на интересите ќе траат како еден процес на константен судир каде што мировните периоди би биле само пауза“, вели Кекеновски и додава дека најфундаменталниот ресет на светските општествени односи, што подразбираат и економија и политика е безбедносниот ресет – ова што сега нас ни се случува.

„Точно ќе се видат кои се регионалните играчи, која е нивната воена, политичка, човечка сила и точно ќе се договорат главните играчи. Она што мене ми смета е што Европа отпаѓа од играта, заради тоа што Европа и ЕУ и европската идеја имаше една многу убава шанса да стане глобален играч. Сега теоретски имате две позиции – тој што е јак, што има јака економија, тој сака отворени граници и концептот на Laissez-faire или laissez passer е концепт на Адам Смит, на англиската економија и заради тоа што тие имаа индустриска револуција бараа да се отворат границите на другите земји. Колберт рече не, ние ќе конкурираме со вас кога ќе бидеме еднакво богати.

– Замислете сега, најсилната економија, како што ние претендираме да опишуваме, бара затворање на границите односно царина за сопствената економија. Тоа значи дека наспроти англиската Laissez-faire денеска имате кинеска Laissez-faire, која вика еден појас еден пат, отворете ги границите, ајде да конкурираме, вели проф. Кекеновски и додава дека тоа значи дека се конкурираат два социјални и општествени, економски и културни модели.

„Сега тој судир ги спротивставува аргументите на терен и се спротивставуват точно на тие точки – Украина, каде што е преминот од Европа во Евроазија и да речеме Израел – таму каде што завршува и индискиот пат, таму каде што завршува и еден појас – еден пат, точно на појазот Газа, вели Кекеновски.

„Историјата е превртена политика назад. Историјата била некоја политика на некого пред деценија, пред 100, пред 200 години. Заложници сме на културни предрасуди. Оној момент кога на 5-ти март 1946 година во Фултон, Черчил на едно предавање рече дека „гледам се спушта една железна завеса меѓу Шчечењ и Трст“, тоа покажува дека заложници сме на културата, на идеологијата. Таа завеса не беше културна. Се подели Германија на Источна и Западна. Таа беше идеолошка и повеќе би рекол дека ние сме заложници на таков тип на културни предрасуди – дека не може Ерменија, Грузија да ги сметаме како дел од Европа, зошто Украина, не била, зошто Русија, каде ние поставуваме граници, кај завршува Балканот, на Сава, во Виена и тие предрасуди јас би рекол дека нас повеќе ни сметаат. И тука правиш политички елити кои се навивачки. Одат на една страна, викаат ние сме со овие и треба да правиме вака“, вели Кекеновски.

За тоа дели Македонија во овие три децении има созреано како држава, Кекеновски вели дека „како држава ние сме една посебна приказна – Прирачник за самоуништување“.

„Но не созреаа ни европските елити. Кај се денеска европските лидери или пак каде се сега тие да ги определат сопствените економски интереси. Клучот за иднината на Европа е договорот меѓу Германија и Русија. Можат ли смеат ли – или пак ние ќе бидеме робови на онаа политика, не на историја, на интереси затоа што Европа ги плаќа репарациите кон ослободителите ’45 година, до денеска. Ние треба да живееме да го видиме ослободувањето на Европа.

Целото интервју со проф. д-р Љубомир Кекеновски дадено за „Трилинг“ погледнете го во видеото.