(Видео) Проф. Бојаџиевска: Дел од интелектуалците згазнаа на политичко-манипулативната мина

„За каква расипаност кога зборуваме за корупција може да стане збор. Мислам дека пред сѐ расипани се критерумите. Кога велам корупција воопшто не мислам на она што стандардно се подразбира – давање пари и земање пари – директно од точка А до точка Б, туку мислам на пореметеност на расипаност на критериумите. Еве имаме една афера која долго време се влече по медиумите во врска со образованието на избран директор на АНБ. И тоа е всушност апла студиум, односно case study на корупција. Зошто - затоа што вие гледате дека имате проблематична диплома по англиски јазик, медиумите известуваа за проблематична универзитетска диплома и мислам дека мастер беше некаков во прашање, испити се положени за година дена. Значи тоа е case study за расипаност на критериумите. Очигледно е тука дека ние сме ги разнишале сите можни цврсти критериуми коишто сведочат за нечие образование. И кога ви се вас тие дипломи, кога има проблем во оценувањето на нивната објективност, тоагаш е очигледно дека корупцијата е сеопшта. За таква корупција зборувам. За расипаност на критериуми по сите можни основи, вели проф. Бојаџиевска.

„Не верувам дека тие коишто се задолжени за креирање на политики во доменот на образованието и пошироко, ги слушаат интелектуалците. За тоа се виновни и двете страни. Не е само виновна само страната на „политичарите“, виновни се и оние коишто сакаат да се нарекуваат интелектуалци“, изјави за „Трилинг“, Маја Бојаџиевска, универзитетска професорка и добитничка на државната награда Св. „Климент Охридски“ која при доделувањето на наградата изрази сериозни критики и забелешки во однос на функционирањето на образованието, но и на севкупниот систем во државата.

„Мислам дека вината на тие што се нарекуваат интелектуалци е што на некој начин доброволно се ставија во полугите и во машинеријата на оние кои ги креираат политиките. Интелектуалецот не е конфорна позиција, интелектуалецот подразбира постојана, акивна критичка свест, непристрасност и еден вид борбеност на знаењето виз а ви се друго. Не е комотна таа позиција затоа што предизвикува непријатност, ако интелектуалецот секогаш со својот морален интегритет и интелектуален капацитет и морал го загрзоува востановениот поредок.

-За жал не може да се каже дека нашите интелектуалци успеаја да ја изборат таа позиција на независност и доброволно многу често се ставија во некакви манипулативни политички процеси, вели проф. Бојаџиевска.

Злоупотребата на интелектуалците мислам дека почна прилично рано во Македонија затоа што поларизацијата е еден од клучните механизми на оние коишто владеат, кои управуваат со државата, така што поделбата на наши и ваши е еден од механизмите за манипулирање, разделување и за успешно владеење.

За утопистичката идеја на Платон, за идеалниот поредок на нештата, каде доминира квалитетот наспроти некомпетентноста, Бојаџиевска вели дека тоа е апсолутно неприменливо тука.

„Кога, не е прашањето, прашањето е дали воопшто. Тенденциите во нашата држава се такви да тоа прашање мора да се постави – дали воопшто некогаш ќе се постават работите според вистинскиот распоред, значи според компетенции, според способности, а не според други механизми.

-Живееме во време на измешани вредности. Ефектот на трагичност јас го гледам според моите дефиниции од литературата и филозофијата – ефектот на трагичност за да се произведе треба да имате конфликт на две вредности. Овде немаме, не можам да кажам дека е тоа трагично затоа што нема конфликт на вредности, туку има една општа конфузија“, смета проф. Бојаџиевска.

Професорката смета дека не е можно образование без морал, бидејќи тоа се две сврзани работи.

„И вие кога сте тргнале на работа да го сработите ова што ви е дневна професионална задача, вие тргнувате од позиција на некаков морал, на некаков сет на вредности. Исто и јас. Во образованието тој сет на вредности е апсолутно клучен. Мене лично не ми се допаѓа масовната употреба на зборот експерт. Тоа почна некаде деведесетите години. Тој збор на некој начин го деградира стариот, традиционалниот концепт на знаењето. Зошто – затоа што ја исклучува токму таа компонента, таа срж на моралот. Моралот е потребен за воопшто да бидете човек, а образованието ве учи како да бидете човек“, вели Бојаџиевска.

Фото: Трилинг/ проф. Маја Бојаџиевска

Околу податокот дека во Македонија министрите за образование најкратко „траат“ во Владите, во просек околу 18 до 20 месеци и дали тоа е причина што образованието не е меѓу приоритетите и многу малку се вложува во науката, проф. Бојаџиевска смета дека тоа не е причина туку последица.

„Кажете кога образованието во оваа држава образованието беше приоритет, на било која влада до сега. Образованието секогаш се става на последното место, на маргините. Има примери од регионот. Да ја земеме Словенија за пример. Зошто они отидоа толку напред. Зошто они рано ги завршија преговорите и рано влегоа во ЕУ. Еден од клучните одговори е затоа што таму образованието беше надпартиски државен приоритет. Тоа кај нас никогаш не се случи. И оваа жалосна статистика, да ги менуваме толку бргу министрите за образование и притоа често да не се ни внимава од кој редови доаѓаат тие, чест на исклучоците, е последица од немање на визија.

-Според мене некој што има визија, а е на одговорна политичка позиција, прво образованието треба да го дефинира како приоритет. Тоа кога ќе се договориме, се останато ќе може полесно да се менува“, додава Бојаџиевска.

За истражувањето на Светската банка, според кое 2/3 од младите се функционално неписмени, проф. Бојаџиевска вели дека вакви негативни статистики и податоци сме имале и порано и потсети на ПИСА тестирањата кои се одвиваа пред околу 15 години.

„Резултатите 2009-2010, не ме земјате за збор, беа уште тогаш поразителни и алармот не се вклучи. Почнаа некои реформи про-форма, површни од ужасно-клиентелистички позиции. Во тоа време беше министер Никола Тодоров, во владата на Груевски и мислам дека тука беше почетокот на крајот на македонското образование. Тогаш се тргна во еден лажен реформски процес, всушност во еден одмазднички процес против едно образование како што беше до тогаш сфаќано. Посебно мислам тука на УКИМ, на главниот, најголем државен универзитет“, вели проф. Маја Бојаџиевска.

Говорејќи за корупцијата како еден од најголемите општествени проблеми, Бојаџиевска вели дека тоа е нешто што е многу темелно и многу проширено.

„За каква расипаност кога зборуваме за корупција може да стане збор. Мислам дека пред сѐ расипани се критерумите. Кога велам корупција воопшто не мислам на она што стандардно се подразбира – давање пари и земање пари – директно од точка А до точка Б, туку мислам на пореметеност на расипаност на критериумите. Еве имаме една афера која долго време се влече по медиумите во врска со образованието на избран директор на АНБ. И тоа е всушност апла студиум, односно case study на корупција. Зошто – затоа што вие гледате дека имате проблематична диплома по англиски јазик, медиумите известуваа за проблематична универзитетска диплома и мислам дека мастер беше некаков во прашање, испити се положени за година дена. Значи тоа е case study за расипаност на критериумите. Очигледно е тука дека ние сме ги разнишале сите можни цврсти критериуми коишто сведочат за нечие образование. И кога ви се вас тие дипломи, кога има проблем во оценувањето на нивната објективност, тоагаш е очигледно дека корупцијата е сеопшта. За таква корупција зборувам. За расипаност на критериуми по сите можни основи, вели проф. Бојаџиевска.

Ова е само дел од разговорот со универзитетската професорка, Маја Бојаџиевска. Целото интервју дадено за „Трилинг“ погледнете го во видеото.