(ВИДЕО) Протест во Лондон со поддршка за Палестина

Илјадници демонстранти се приклучија на денешниот пропалестински собир во центарот на Лондон, среде војната меѓу Израел и Хамас.

Маршот започна околу 13 часот, а пропалестинските активисти претходно денеска го обоија седиштето на Би-Би-Си во црвено.

Активистичката група Палестинска акција ја презеде одговорноста за вандализмот на зградата рано утринава, обвинувајќи ја телевизијата дека има „палестинска крв на рацете“.

Поддржувачите на демонстрациите запалија црвени, зелени и црни факели и извикуваа „Слободна, слободна Палестина“ и „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“.