(Видео) Протекоа првите снимки од масакрот во САД, полицијата со апел: „Засолнете се“

Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби 22 лица, а рани повеќе од 50 во Левистон, во американската сојузна држава Мејн, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на полициски извори.

На прес-конференција, комесарот за јавна безбедност на Мејн, Мајк Сошак, рече дека полицијата сè уште нема податоци за точниот број на жртви.

Полицискиот оддел во Левистон го идентификуваше Роберт Р. Кард како осомничен за масакрот.

Државната полиција на Мејн и канцеларијата на окружниот шериф објавија на X дека имало пукање во Левистон и ги повикаа жителите да се засолнат, да останат во своите домови и да ги заклучат вратите, додавајќи дека истрагата е во тек на повеќе локации.