Авион на Алјаска ерлајнс вчера принудно слетал во американската сојузна држава Орегон, откако кратко по полетувањето на надморска височина од речиси 5.000 метри испаднал прозорец и дел од трупот на авионот.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот со 174 патници и шест членови на екипажот слетал безбедно.
„На летот 1282 на Алјаска ерлајнс од Портланд, Орегон до Онтарио, Калифорнија се случи инцидент набргу по полетувањето“, се вели во соопштението на компанијата.
Таа додаде дека ќе даде повеќе информации кога ќе ги добие.
Авионот бил вратен назад кога се искачил на височина од 16.000 стапки или 4.876 метри околу шест минути по полетувањето, според порталот за следење летови Флајт авер.
Патник испратил видео до локалната телевизија на кое се гледа огромна дупка на страната на авионот во близина на совозачките седишта.
Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопшти дека авионот слетал безбедно откако екипажот пријавил проблеми со притисокот. Раководството изјави дека ќе го истражи случајот.
Авионот Боинг 737-9 Макс е произведен и сертифициран пред само два месеци, според податоците на ФАА.
Компанијата Боинг соопшти дека е запознаена со инцидентот и собира информации, како и дека е подготвена да ја поддржи истрагата.
Авионот Макс е најновата верзија на двомоторниот 737 на Боинг, кој често се користи на домашните летови во САД. Тој модел почна да лета во мај 2017 година.
An Alaska Airlines flight (brand new 737 Max 9) had to make an emergency landing shortly after takeoff, when a ‘window and a chunk of fuselage’ blew out at 16,000 feet.
Phones, and other items were sucked out when the plane depressurized. pic.twitter.com/WedaE1LjgI— America🇺🇸 (@Americafakts) January 6, 2024