
Граѓаните бесни што процедурите за вадење на нови лични документи, со името „Северна“ оди хаотично.
Секојдневно се жалат дека едвај се успева да се закаже на телефонскиот број за фотографирање, а кога ќе закажат се чека со часови. Исто така и подигањето на новите документи оди споро.
– Земаме отсуства од работа. Со часови чекаме, но чекаат и стари и болни лица. Се случува и само да го затворат шалтерот и да пропаднат сите изгубени часови чекање. Ова е вистинска срамота, вели револтирано скопјанка.
На социјалните мрежи од вчера се споделува видео од просториите на МВР во МРТВ, каде граѓаните се туркаат, викаат и се расправаат за да ги подигнат личните документи.
View this post on Instagram