Проблемот е сериозен, сè уште гори. Немаме конкретна информација од што настана пожарот. Изби во подрумските простории, каде се наоѓа дел од архивата. Ние имаме огромна архива низ целиот суд, овде е само дел и таа е зафатена, вели за „360 степени“ претседателката на судот, Снежана Манева
Уште чадат просториите на Основниот суд Куманово, каде ноќеска по полноќ изби пожар, кој ги зафати подрумските простории со дел од архивата.
Од регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека вкупно седум пожарникари интервенирале со две противпожарни возила.
Пожарот е локализиран, но една екипа од Територијалната противпожарна единица од Куманово сè уште е на терен.
Причините за пожарот сè уште се непознати.