(Видео) Принцот Хари и Меган Маркл служеа оброци и донираа за загрозените од пожарите
Војвотката и војводата од Сасекс, кои живеат на околу 145 километри од погодената област, вчера ја посетија Светската централна кујна во Пасадена, Калифорнија, за да помогнат во дистрибуцијата на храна и на намирници за жртвите од пожарот.
Принцот Хари и Меган Маркл го посетија Конгресниот центар во Пасадена за да им помогнат на загрозените од страшните пожари во Лос Анџелес кои избувнаа на 7 јануари.
Двојката ги утеши волонтерите и им подели храна на околу 1.200 евакуирани лица кои настрадаа во пожарот, објави Си-би-ес њуз.
Војвотката и војводата од Сасекс, кои живеат на околу 145 километри од погодената област, вчера ја посетија Светската централна кујна во Пасадена, Калифорнија, за да помогнат во дистрибуцијата на храна и на намирници за жртвите од пожарот.
Познатата двојка донирала предмети за основни потреби, служела оброци во Светската централна кујна (World Central Kitchen) и разговарала со луѓето кои претрпеле големи загуби по избувнувањето на пожарот, а меѓу оние на кои им пружиле поддршка имало и стари лица. Меган и Хари се состанале со градоначалникот на Пасадена, Виктор Гордо, и им се заблагодарија на оние кои први реагирале, вклучително и на пожарникарите и на канцеларијата на шерифот на округот ЛА.
Подоцна, Меган Маркл и принцот Хари се сретнаа со основачот на Светската централна кујна, Хозе Андрес, за да ги пофалат тимовите за помош. Преку нивната фондација „Арчевел“, тие собраа парични донации и планираат да продолжат со хуманитарни акции.